Посилни од вирусот – насмевка на едно бебенце и бабичка што ќе ви го разубават денот
Најубавата слика пристигна од градот Корбета во Италија, земјата кој претрпува многу сериозни последици како резултат на пандемијата на корона вируот.
Откако 103-годишна баба од Италија успеа да ја победи болеста предизвикана од вирусот, шестмесечното бебе Леонард, исто така, излезе како победник, пренесува „YuMama.com“.
После 50 дена борба, малиот Леонард се излечи од вирусот „Ковид-19“, а неговата весела фотографија го обиколи светот.
Малиот Лав се насмевна и го покажа својот јазик и на тој начин ни даде до знаење што му порачува на вирусот.
„Не би го посакал ова на ниту една мајка. Кога доби температура, знаев дека е болен, па моето срце почна забрзано да чука. Мојот сопруг има колега кој се разболе од вирусот“ – рече мајката на момчето, која сега е пресреќна што нејзиното бебенце ја доби битката со болеста.
Денес имаме причина да се насмееме и да бидеме среќни – изјавија градоначалникот на Корбета, Марко Баларини.
Тој му се заблагодари на симпатичното мало момче што во овие тешки моменти им донесе надеж на многумина, а фотографијата како му го покажува јазикот вирусот го обиколи светот.
Во меѓувреме, и една Италијанка (102) од Џенова „чудесно се опорави“ откако се зарази со вирусот Ковид-19 и помина 20 дена во болница.
Имено, на почетокот од месецот, Италика Грондона беше примена во болницата со симптоми на коронавирус и дијагноза со срцева слабост, но во меѓувреме беше пуштен дома – вирусот го призна поразот пред неа.
Italica, 102 years old grandmother. Survived Spanish Flu, World War 2. Now recovered from covid-19.
The rocks Italy is built on are not just at the Colosseum.#Covid_19#italystaystrong#COVID19https://t.co/5akMtBI5LA
— Michele Fenzl (@FenzlMichele) March 30, 2020
„Ние ја викавме Хајлендлер (според популарниот филм со истото име)“, рече д-р Вера Сикбалди за Си-Ен-Ен, која ја лекуваше 102-годишната бабичка во болницата „Сан Мартино“ во Џенова.
Таа истакна Италика дека е надеж за постарите граѓани кои во овие моменти се соочуваат со епидемијата.