Посебен ден во домот на Давид Темелков – нашиот пејач и неговата сопруга имаа причина за славење
Омилениот пејач е во брак со убавата хрватска водителка
Убавата Елена денес слави роденден, а нејзиниот сакан објави заедничко видео на Инстаграм и ѝ се обрати со емотивни зборови…
Познатиот македонски пејач Давид Темелков ги изненади своите бројни фанови со убавата вест што ја сподели на својот Инстаграм.
Имено, во неговиот дом денес е посебен ден – неговата сопруга Елена Темелкова слави роденден, а Давид на посебен начин и го честиташе. Шармантниот македонски пејач најпрво сподели заедничко видео направено додека се бањаат во базен и уживаат, под кое напиша и емотивна порака со која сите ги разнежни.
Инстаграм/ Давид Темелков
„За мене љубовта го носи твоето име.. Елена, среќен ти роденден, љубов моја. Знаеш сé“, напиша Давид, а набргу следуваа и честитки.
Инстаграм/ Давид Темелков
Пејачот потоа објави и една фотографија од нивната свадба која што се случи во јуни 2023, а на која исто така се гушнати.
Инстаграм/ Давид Темелков
Потсетуваме, Елена Темелкова (моминско Јунг) е позната хрватска водителка која со пејачот се запозна во 2015 година.
Инстаграм/ Давид Темелков
Пејачот во една пригода за медиумите откри дека нивната љубовна приказна започнала на концерт на Тони Цетински во Пула.
Инстаграм/ Давид Темелков
Давид ќе ја запроси својата сакана во август 2021, но овој пат на својот концерт во Нова Градишка и тоа на истиот датум на кој се запознале.
Инстаграм/ Давид Темелков
Тие се венчаа во црквата Света Богородица во центарот на Скопје, а потоа нивната веселба продолжи во еден познат ресторан.
Инстаграм/ Давид Темелков
Како Давид и Елена изгледаа и на овој посебен ден во нивните животи на кој секогаш ќе се сеќаваат, потсетете се во продолжение…
Инстаграм/ Давид Темелков
Инстаграм/ Давид Темелков
Инстаграм/ Давид Темелков