Реклама
Стил

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ со убава вест за нашите пензионери, но и во неверјатно шик издание

Ова дефинитивно е нејзина боја

Реклама

Шармантната портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, препознатлива е како по својот политички став така и по впечатливите изданија и аутфити со кои им го привлекува вниманието и на вљубеничките на модата.

Таа е млада дама која секогаш изгледа беспрекорно и избира совршени модни парчиња во кои блеска од глава до пети.

И без разлика дали станува збор за прес-конференција, посета на некој политички настан или гостување во некоја емисија, Марија плени со својата појава, а нејзините модни комбинации се почесто се коментираат. Така беше впрочем и сега, кога на последната прес-конференција зборуваше за новите мерки со кои владата на ВМРО-ДПМНЕ го започна мандатот, кога покрај информациите за покачувањето на пензиите и за изградбата на новиот Ветропарк, Марија привлече внимание и со изданието што го носеше.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Марија Митева

Имено, таа и овој пат не отстапи од својот препознатлив стил и повторно заработи пофални на сметка на изгледот и изборот на облеката.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Марија Митева

Овој пат во центарот на вниманието беше впечатливото сако во розова боја, кое Марија совршено го вклопи со белата блуска и тесните фармерки. Таа целото издание го зачини со тренди фризура и убава шминка, а како портпаролката изгледаше во ова свое шик деловно издание, погледнете во продолжение…

Фото: Фејсбук/ Марија Митева

Во продолжение погледнете неколку идеи како да носите сако во розова нијанса и не заборавајте дека може да ви биде сопатник не само за одење на кафе, туку и на моќен настан како свадба.

Инстаграм

Можете да ги носите како со фармерки, така и со фустани, секако во зависност од пригодата и расположението…

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button