Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ е една од најубавите политичарки во Македонија, па и на целиот Балкан
Марија блеска во секое свое издние, а еден детаљ во стилот што го негува посебно привлекува внимане
Каков е стилот на нашите политичарки
И додека за мажите многу ретко се зборува кога е во прашање стилот на политичарите, стилот на претставничките на понежниот пол отсекогаш привлекувал внимание, па дури и во ова „фела“.
Имено, дамите и кога сакаат да изгледаат формално и во преден план да ги истакнат своите идеи и ставови, повторно привлекуваат внимание со своите комбинации и модни приказни, па дури и кога станува збор за нашите политичарки. И додека едни тоа го прават скромно, избирајќи најчесто формални модни парчиња, други тоа го прават малку подраматично, поигрувајќи се со новите трендови и стиловите, но и со фризурите, модните додатоци…
Денес во фокусот ни е портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која со својот дамски деловен стил често привлекува внимание.
Фејсбук/ Марија Митева
Таа најчесто ги избира класичните дизајни, но знае и како да си поигра со трендовите што го покажа и со своето последно издание.
Фејсбук/ Марија Митева
Имено, Марија на политичкото собрание во Брисел се појави во бело сако и розови панталони во кое едноставно не можеше да помине незабележано. Таа целото издание го заокружи со црни високи потпетици, црн ремен и бела блуска, а косата ја носеше залижана и врзана во задниот дел.
Фејсбук/ Марија Митева
Покај ова женствено издание, Марија плени и на фотографијата на која е покрај новиот премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, облечена во бело што симболизира надеж и отвореност, додека целото издание го заокружи со сако во светла сина нијанса, што го носеше со свиткани ракави, и класични „шпиц“ салонки.
Фејсбук/ Марија Митева
Како оваа прекрасна дама изгледаше во ова издание, но и кои трендови се во мода кога се женските сакоа во прашање, погледнете во рамите на текстот, но и во галеријата што следува во продолжение…