CelebrityХоливуд

Пораѓајот се ближи: Стомакот на Меган од ден на ден станува се поголем

Advertisement

Војвотката Меган Маркл е во третиот триместар од бременоста, и покрај овој факт таа без никакви изговори ги завршува своите работни обврски.

Advertisement

Таа сите присутни посетители во Природнонаучниот музеј во Лондон ги остави без здив кога се појави во бел капут и фустан со кој гордо го покажа својот стомак кој од ден на ден се повеќе се зголемува.

Војвотката на Сасекс, моментално е во 31 недела од бременоста. Таа има уште девет недели  до пораѓајот. Во оваа фаза на бременост, бебето започнува брзо да се зголемува.

Како што расте, така се повеќе му треба простор. Во овој период бебето се спушта со главата надолу.

Advertisement

Идната мајка сега може да ја почувствува сета болка во долниот дел на грбот и колковите. Имено, хормоните ги релаксираат лигаментите, а коските на карлицата се шират заради пораѓајот.

Бебето, исто така, има зголемен притисок врз мочниот меур, така што е можно Меган Маркл сега почесто да мокри.

И покрај сите овие проблеми во бременоста, кралската двојка наскоро треба да отпатува во Мароко.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button