Реклама
Вирално

Нарача фустан преку интернет, но ни на крај памет не и беше дека ќе добие нешто налик на ова

Реклама

Студентката Џоди Хавард Даблин нарача фустан за 250 куни, а кога пристигна веднаш сфатила дека добила парче облека која НЕ остава ништо на имагинацијата.

Таа најпрво на Твитер сподели фотографија од нејзината реакција кога пакетчето и пристигна.Беше запрепастена како во толку мало пакетче успеале да го спакуваат фустанот, а потоа се го снимаше и кога го извлече од него. И како што вели, повремено нарачувала облека преку интернет, но ова е прв пат да добие нешто што е сосема поинакво од она што го видела на фотографиите на интернет.

Маркетинг

„Ја видов рекламата на Инстаграм за овој фустан, кликнав на него и ме одведе на една страница. Веднаш го нарачав бидејќи ми се допаѓаше, а две недели подоцна ја добив испораката. Бев изненаден од големината на пакетот, иако бев возбуден што конечно пристигна”, вели таа.

Маркетинг

По извлекувањето на фустанот од пакетот, таа со судни маки се обидела да го облече фустанот.

Мама и јас добро се изнасмеавме додека го облекував, а кога конечно успеав да го направам тоа сфатив дека е целосно проѕирен“ открива таа.

Нејзиното изненадување предизвика повеќе од 200 луѓе да коментираат на социјалните мрежи и да се пожалат дека им се случила слична работа.

 

Поврзано

Back to top button