Порасна синот на Тијана, сега е поголем дури и од неговиот татко Црногорец – овие фотки ги изненадија сите
Мајчиното срце никогаш не било поисполнето и посреќно
Синот на пејачката Тијана Дапчевиќ наполни 15 години, а неговата позната мама со емотивна порака му го честиташе.
Таа објави фотографија од нивниот семеен дом на која е Вук, а покрај него е и тортата со бројот на неговите години.
Фотографии и снимки од Вук објави и неговата тетка Тамара Тодевска, која на овој наин му го честиташе роденденот.
Принтскрин/ РТС
„Среќен роденден, љубов теткина“, напиша Тамара, а многумина порачаа дека Вик пораснал и дека многу личи на мама.
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Потсетуваме, Тијана во една пригода во разговор за Гламур магазин откри дека нејзиниот наследник тргнал по нејзините стапки.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
„И мама може да се пофали дека е свесна колку е популарен нејзиниот син. Вук од пред година дена почна да се занимава со правење на музика, нов правец во електронската музика – фонк. Веќе на платформата спотифај има повеќе од милион и пол слушатели. Има многу фанови, највеќе од Бразил. Можам да се пофалам и да бидам горда на тоа што син ми е талентиран и се занимава со музика“, ни откри тогаш нашата позната пејачка.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
А колку пораснал синот на Тијана за кој сите велат дека неверојатно многу личи на мама, но и кој сега е дури и повисок од својот татко Црногорец, погледнете во продолжение…