Вести

Порасна минималниот износ за К-15 – Еве колку денари ќе ви легнат на сметка до крајот на годината

Advertisement

Исплатата на регресот за годишен одмор воспоставена со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството е задолжителна за работниците и треба да се реализира до крајот на годината, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачите, со потпишувањето на Спогодбата за измени и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството, во 2013 година го уредија правото на регрес за годишен одмор за вработените во приватниот сектор.

Advertisement

Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците, во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија, и од претставниците на работодавачите – ОРМ, и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која доброволно ја презеле.

Во согласност со членот 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството, регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40 % од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето-плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.

Фирмите имаат рок до 31 декември за исплата на К-15, во спротивно може да заработат глоби до 4.000 евра.

К-15 се пресметува врз основа на просечната нето или бруто плата во изминатите три месеци (40% од износот).

За да добие регрес за годишен одмор работникот мора да бил ангажиран кај истиот работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година.

И покрај сериозните глоби, дел од газдите си поигруваат со исплатата. Најчестата злоупотреба е префрлање на парите на трансакциска сметка, но со обврска работникот да ги му ги врати на газдата во кеш. Луѓето се плашат за своето работно место, па често без да се побунат го прават токму ова.

К-15 беше вратен пред девет години

Законската обврска за исплата на регрес за одмор беше укината во 2005-та и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор, повторно се воведе во 2014-та.

„Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа: регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач…

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор“, стои во Општиот колективен договор.

Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари.

Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски требаше да почне од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.

Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15.

Казните се ригорозни. За неисплата на К-15 предвидена е глоба до 4.000 евра, а за работодавачите кои бараат да им се вратат исплатените пари и затворска казна од три месеци па се до една година.

К-15 или регрес за годишен одмор беше укинат изминатите децении, но владата на СДСМ реши да го врати прво во приватниот сектор, а потоа и во јавниот.

Од оваа година за прв пат после две децении регрес за годишен одмор од по 10.000 денари ќе добијат и наставниците, кои добиваат плати и до 40.000 денари месечно, двојно од она што било во 2017-та.

Последно наставниците К-15 добиле во 2000-та година и тоа наместо пари, добиваа канти сирење, маслинки и месни производи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button