Порасна во преслатко момче: Први фотографии од синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ
Гордите родители вешто го кријат од јавноста...
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ во март 2019 година го добија синот Александар, а уште од тој момент едногласно решија дека не сакаат детето да го експонираат во јавност, па до денес многу ретко може да видиме фотографија од наследникот.
Иако таа е една од најангажираните и најпопуларните пејачки, Пријовиќ пред се е мајка, крајно грижлива и бескрајно посветена на својот син, за кој вели дека е копија на неговиот татко.
Неодамна во едно интервју таа за прв пат раскажа нешто повеќе за четиригодишниот наследник кој го нарекуваат Аки.
-Бараше играчки, како секое дете. Не ми дозволи да му напишам писмо на Дедо Мраз, се лути кога сакам да направам нешто за него. Потоа напиша дека би сакал да добие голем диносаурус. Кога ќе го прашаме дали сака брат или сестра, тој вели дека сака брат, но сам не бара. Сака да дели работи, споделува сè. Меѓутоа, кога е храната во прашање, ако некој му побара цело чоколадо, тој не дава, може само да го подели.
Младите родители се уште успешно пружаат отпор на социјалните мрежи и не објавуваат фотографии од синот, но гордите баби не можат а да не се пофалат со внукот, па на профилот на мајката на Александра Борка и мајката на Филип, Зорица повремено може да се види слаткото русокосо момче, кое секогаш наоѓа нова занимација.
Зорица Накиќ го снимила Александар како го бања својот миленик, а фотографиите ги објави на Инстаграм со порака „Го сакам моето куче“.