Некогашниот министер за здравство го покажа својот син, кој порасна во вистински убавец.
Венко Филипче, по професија неврохирург, на должноста министер за здравство стапи во 2017 година. На оваа функција се задржа се до јануари оваа година.
Министерот беше мета на критики, но и пофалби за време на екот на пандемијата Ковид 19.
Министерот на почетокот на пандемијата, секојдневно одржуваше прес-конференции преку кои ја информираше јавноста каква е ситуацијата со вирусот.
Токму тој беше најодговорен за секоја одлука донесена за заштита од вирусот.
Секогаш смирен и сталожен, Филипче остава впечаток на голем професионалец.
Скоро ништо не се знае за неговиот приватен живот, а и самиот тој избегнува да зборува на таа тема.
Иако е доста активен на социјалните мрежи, неговите објави секогаш се поврзани со неговата професија, а многу ретко со приватниот живот.
Филипче долги години е во брак со познатата психијатарка Ана Савеска Филипче.
Ана и Венко скоро никогаш не се појавуваат во јавност заедно и никогаш не зборуваат за својата љубов.
Круна на бракот им е синот Иво.
Иво е веќе средношколец, а екс-министерот обожава да го поминува времето со него.
И самиот во едно свое интервју истакна дека по завршувањето на пандемијата ќе му се посвети токму на синот.
Токму финалето на квалификациите во фудбал за Светското првенство во Катар Иво и Венко го следеа заедно. За жал, нашата репрезентација за жал изгуби со 2:0 од Португалија, и не го оствари сонот за Катар, но за нас и победата над Италија беше огромен успех.
Венко Филипче, на својот Фејсбук профил откри дека натпреварот го проследи дома, со неговиот син.
„Вечерва навиваме со син ми Иво!
Знам дека одново ќе испишеме историја и силно верувам во нашите фудбалери.
Македонската репрезентација е сплотена, силна, мотивирана како ниедна во светот и вечерва ќе го даде најдоброто од себе.
Само напред и храбро дечки, вечерва нема што да загубите! Ги освоивте срцата на Европа и светот и ја промовиравте државата како никој никогаш во минатото. Вие станавте симбол за тоа како малите можат да ги победат големите. Верувам во вас, верувам во оваа репрезентација, одиме на светско првенство!“ – напиша екс-министерот во опис на фотографијата.
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче
ФОТО: Фејсбук / Венко Филипче