Порано пеела за 10 денари, а сега целиот Балкан зборува за неа – таа е најсериозната кандидатка за победа во Ѕвездите на Гранд
Девојка со волшебен глас
Секое појавување на Зорја Пајиќ во „Ѕвездите на Гранд“ предизвикува бурни коментари како од жирито, така и од корисниците на социјалните мрежи.
Нејзиниoт талент за пеење го фалат сите, а голем број комплименти пристигаат и на адреса на нејзините модни комбинации.
Таа и за својот последен настап подготви нешто посебно.
Имано, таа овој пат одлучи да носи фустан со необичен крој, кој беше направен од долги ракави кои допираат до подот.
„Светски“, „Грмиш“, „Повторно им даде домашно на сите“, Ова за многумина е стилска лекција“, беа само некои од коментарите.
Која е Зорја и што значи нејзиното име?
Зорја е омажена за помладиот брат на актерот Милан Пајиќ, кој публиката го обожава по неговите генијални улоги во новите популарни српски серии.
И по нејзините претходни настапи многу медиуми во регионот веќе објавија дека оваа девојка е еден од најсериозните кандидати за победа во популарното шоу.
Карлеуша во една од претхоните емисии се интересираше како натпреварувачката го добила името.
„Зорја е божица на убавината, словенска“, и одговори Зорја на популарата пејачка.
Неверојатна животна приказна!
Таа завршила музичка академија, отсек виолина, но морала да настапува на улица за да ги финансира студиите.
Почнала да пее на пазарот во Нови Сад, а потоа полека се приближувала до главниот плоштад.
По некое време се преселила во Белград, каде пеела на познатата Кнез Михајлова.
Иако се школувала за виолина, таа отсекогаш сакала да пее и извесно време се занимавала со етно пеење.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ
Фото: Инстаграм/ Зорја Пајиќ