Интервју

Порано не доживуваа како звезди, но времињата се сменија – искрено со Кате Танева

Во златните 90-ти години бевме многу ценети и почитувани од страна на публиката. Во тоа време се слушаше многу македонската музика и беше уште поголем поттик за сите нас на естрадата, да твориме и создаваме хитови, вели Кате Танева за Гламур

Реклама
Реклама

Таа е една од најубавите вокали и пеачки кај нас, ја испеа безвременската “Запри дожду” која и ден денес се пее на веселби и прослави. За Гламур вели дека не се доволно третирани песните од нашите електронски медиуми, а за новиот стил на музика дека нема да биде траен. Обожава да готви секојденвно а се релаксира со садење цвеќиња и одржување на нејзиниоот двор.

Повеќе од 30 години трае Вашата музичка кариера, доста песни испеани од Вашето бисерно грло. Од оваа дистанца би промениле ли нешто?

Што се однесува на мојот постигнат успех во златните 90-ти години,  можам да кажам дека во тоа време бевме многу ценети и почитувани од страна на публиката.  Во тоа време се слушаше многу македонската музика и беше уште поголем  поттик  за  сите нас на естрадата,  да твориме и создаваме хитови кои и ден денс се слушани и барани.  Публиката не доживуваше како звезди, што за нас тоа многу значеше.  Затоа ќе одговорам, кога би можела би сакала да се врати таа енергија кога сите луѓе беа полни со љубов , среќа и почит.

Маркетинг

Скоро излеговте со дует со Иван Штивич од Хрватска наловен “Моја сестро”. Како дојде до соработката?

Господинот  Ивица Пливелиќ  е познат хрватски композитор.  Тој е автор на песната.  Многу години ја следи македонската музичка естрада.  И така преслушувајќи на  you tube  ме слушнал и мене.  Со стилот на  моите песни и начинот на мојата интерпретација сум го привлекла неговото внимание.  Тој многу ја сака Македенија и често доаѓа во Охрид.  Омилена моја песна му е  “Никој ме нема така љубено”.  Начин како да се запознаеме наоѓа во идеата да направи забава со неговите блиски пријатели и соработници во Охрид,  на која забава изненадување ќе бидам јас. Доаѓа до мојот телефоснки број,  се слушнавме,  се договоривме за термин.  И така започна нашето пријателство кое веќе трае 4 години.  Минатата година настапив со негова песна на “Охридски трубадури” со група  Сарај од Охрид,  песната се наслов  “Носи ме на долни Сара”ј, која беше првонаградена од жири комисијата. Тоа многу ми значеше мене,  а многу повеќе на господинот Пливелиќ,  па многу набрзо се роди и идеата за моја промоција во Хрватска со нов дует со нивниот таму многу познат машки вокал Иван Штивиќ. За песната “Моја сестро”, мојот вокал го снимив во студиото на Љупчо Соколовски а спотот го работевме во Охрид.  На наше големо пријатно изненадување песната допре до многу слушатели,  и има доста позитивни коментари и кај нас а и во Хрватска, што посебно ме радува.

Маркетинг

Дали ова значи дека можеби би снимиле некоја песна за хрватскиот пазар?

Соработката не застанува тука.  Како што вели господинот Пливелиќ,  тој има многу идеи и планови,  само одиме полека но сигурно.  Следуваат уште многу изненадувања како што вели тој.

“Запри дожду” е песна која ќе остане како синоним за Вас и не само таа туку и многу други испеани од Вас. Би можеле ли да издадете повторно некој ваков хит?

Да бидам искрена испадна да. Јас имам снимено многу песни. Точна бројка не знам ама се над 100 песни.  Само што кај нас не се доволно пуштани од страна на радио станиците.  Башка многу малку Тв музички емисии имаме. Едноставно немаме простор каде да се промовираме.  И морам да кажам дека големо разочарување е за нас, што на многу радио станици наместо да ги слушаме оригиналните песни,  слушаме преработки од  нив,  што лично сметам дека не е во ред.

Што мислите за денешната продукција што и недостасува, како да не е како порано?

Веќе ништо не е како порано.дојде поново време,  нов ритам на музика ,  нов стил,  ама тоа не е трајно.  Сметам дека кога слушаш  музика таа треба да те расположи,  или да те разнежни,  да те смири, па и да те расплаче,  да те ослободи од некаква си тежина што ја носиш во душата, а не да ти создава нервоза и немир.

Дали сте вешти во кујната и кој Ви е омилен специјалитет кој радо го готвите?

25 години сум во брак, а во исто време и во кујна.  Секојдневно готвам,  освен деновите кога имам настапи.  Готвам многу јадења што ги готвеше мојата мајка. Нема нешто што не знам да зготвам. И не можам да издвојам омилен специјалитет,  зошто имам повеќе омилени.

Со сопругот Ве врзува голема љубов, колку тој ве поддржува во она што го работите? И која е тајната на успешен брак?

Довербата, взаемната поддршка и толеранција е тајната на нашиот брак.

 

Дали некое од Вашите деца ги наследи Вашите гени?

И ќерката и синот преубаво пеат.  Само што досега не пројавиле интерес за јавен настап.  Си пеат по дома а јас уживам во нивното пеење.

Важите за една од најубавите фолк пеачки , имате ли некој посебен ритуал во секојдневието за Вашата убавина?

Ви благодарам, но немам посебни ритуали, едноставно мајка природа.

Каде и како црпите енергија. Каде се релаксирате во слободно време ?

Време за реласкирање и немам.  Кога немам настапи,  времето го поминувам со домашните обврски сто ги има секоја жена.  Инаку сега кога затопли времето релаксација ми е садењето цвеќиња,  кастрење и обликување на дрвцата во дворот.  Тоа е работата што ме исплонува во овој период од годината и едноставно уживам.

Ќе Ве видиме ли на некој од фестивалите годинава?

Имам преубава песна од Боби Поповски. Планираме да ја пратиме на конкурсот за “Охридски трубадури” оваа година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button