Поранешното момче целосно го уништи нејзиното лице со киселина – МАНЕКЕНКАТА овој пат објави вест со која ги изненади сите!
Страшниот настан што се случи пред шест години ја потресе цела Италија…
Џесика Нотаро, познатата италијанска манекенка и водителка тогаш заврши во болница откако поранешното момче ја пречека пред нејзиниот дом и фрли киселина врз нејзиното лице.
Тој ја беше пречекал пред нејзиниот дом и со киселината покрај лицето и ги изгоре и нозете и колковите.
Во 2011 година братот на Џесика изврши самоубиство, па нејзиното момче злоделото го направи на годишнина од неговата смрт.
Едсон Таварес и Џесика се запознаа на нивната работа и беа во тригодишна врска, се додека таа не ја забележа неговата агресивна страна. Манекенката реши да му раскине, а негвата освета беше страшна.
По несреќата Џескика гостуваше во емисијата на Маурицио Костанца за да ја сподели својата траорна приказна.
„Сакам да видите што ми направи. Тоа не е љубов“, изјави тогаш Џесика пред телевизиските камери.
Таа цели два месеци помина во страшни услови на болничкото лечење. Како што самата изјави во една пригода, цело време му се молела на Господ да и ја земе убавината, но барем да и го остави видот.
Страшниот настан се случи во 2017 година, а во 2020 нејзиното поранешно момче беше осудено на 15 години затвор.
По несреќата нејзиното лице стана симбол за насилството врз жените, а таа беше инспирација за многу жени.
По бројните пластични операции лузните на нејзиното лице денес се многу помалку видливи, но на едното око го има изгубено видот.
Сепак, вели дека денес ѝ се допаѓа тоа што го гледа во огледало, затоа што е поубава однатре, посмирена.
Џесика вели дека токсичните врски и насилството можат да ѝ се случат на секоја жена, дури и на оние најсилните како неа и дека таа се освестила дури кога кон крајот на врската кога тој ја побарал за жена, а таа сфатила не сакала да биде така несрќена до крајот на животот.
Таа често јавно зборува за сето она низ што поминала и веќе со години е пример за сила и храброст.
Кон крајот на 2019 година ќе го запознае спортистот Филипо Болоњи во кого повторно ќе се вљуби и кој неодамна ќе ја запроси.
Новиот партнер на Џесика е шампион во јавање коњи, а ќе ги спои љубовта кон коњите. Тие се запознале на коњски трки, а Џесика често споделува заеднички фотографии и не крие дека одвај чека да стане негова сопруга.
Фото: Инстаграм/ Џесика Нотаро
Фото: Инстаграм/ Џесика Нотаро
Фото: Инстаграм/ Џесика Нотаро
Фото: Инстаграм/ Џесика Нотаро
Фото: Инстаграм/ Џесика Нотаро
Фото: Инстаграм/ Џесика Нотаро
Фото: Инстаграм/ Џесика Нотаро
Фото: Инстаграм/ Џесика Нотаро
Фото: Инстаграм/ Џесика Нотаро