Новости

Поранешното момче на Цеца се жени, а она што го направи пејачката пред свадбата сите ги изненади (фото)

Цеца наздравува на денот на венчавката на Богдан

Advertisement

Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ, се ожени со Јована Љубисављевиќ во еден локал во Белград.

Тие претходно се заколнаа на вечна љубов во манастир, а сега направија и градска венчавка со голем број гости.

Advertisement

Мисицата за оваа пригода избра преубава венчаница во која изгледаше како принцеза, а Богдан носеше црн костум.

Инстаграм

Венчаницата беше во балски стил, а невестата косата ја подигна во опавче, а во преден план беше нејзиното деколте.

Advertisement

Инстаграм

Потсетуваме, Богдан пред неколку години беше во емотивна врска со Светлана Цеца Ражнатовиќ, но нивната љубов не траеше долго.

Инстаграм

И токму затоа многумина очекуваа да видат каква ќе биде реакцијата на познатата пејачка која откако раскинаа истакна дека останала во добар однос со поранешното момче. А таа преку својот профил, и тоа токму на денот на свадбата на Богдан и поранешната учесничка во „Задруга“, сподели видео во кое ужива со чашка, а ја закачи и песната што неодамна ја објави („Повеќе од среќа“), па сите коментираа колку фолк дивата изгледа добро и дека е „царица“.

Имено, пејачката на овој начин како да даде суптилен знак дека можеби наздравува за здравјето на младенците.

Инстаграм

Потсетуваме, Јована по венчавката откри во јавноста дека е во блажена состојба и дека со Богдан очекуваат машко дете.

Повеќе фотографии од нивната свадба, погледнете во продолжение…

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button