Вести

Поранешниот сопруг на убиената пејачка на „Гранд“ излезе од затвор и веќе се спрема за свадба

Јелена Крсмановиќ беше убиена на 2 април 2016 година на насипот во белградската приградска населба Борча. На таа локација џогирал и нејзиниот сопругот, обвинет за злосторството.

Advertisement

Матниот случај со убиството на прерано загинатата пејачка, Јелена Крсмановиќ , пред седум години, ја потресе јавноста.

Advertisement

Сега  нејзиниот поранешен сопруг,Зоран Марјановиќ (40) на брутално убиената српска пејачка Јелена Марјановиќ, излезе од затвор и веќе спрема венчавка со својата девојка Зорица Зока Митровиќ (36). Композиторот, беше осуден за убиство на пејачката Јелена, пенесува српски „Курир“.

Венчавката е закажана за на пролет идната година. Зоран додека бил во затвор се распрашувал околку процедурата за склучување брак.

Advertisement

– Зорица е љубовта на неговиот живот со која сака да се заветува пред Бог и народот. Ако сè биде како што замислиле, судбоносното „да“ ќе го изговорат напролет следната година. Тоа ќе биде во кругот на пријателите и кумовите, но во строга тајност. Овој пат сакаат да ја задржат интимноста само за себе. Зорица е пресреќна и едвај чека да стане госпоѓа Марјановиќ – раскажал близок пријател на Зоран.

И Зорица Митровиќ потврдила дека планира со Зоран да остари:

– Со него сум со срце и душа. Засекогаш ќе бидам со него и многу го сакам. Му бев поддршка од првиот момент. Ме заболеа невистините во медиумите и решив да ја откријам вистината. Не се осврнувам на луѓето кои се обидуваат да му наштетат и да го прогласат за чудовиште и убиец. Голема неправда е направена кон Зоран. Ќе се борам со сите сили да докажам дека е невин – рекла Зорица за „Курир“.

Случајот со убиството на пејачката Јелена беше актуелен во регионот.

По долгата истрага јавноста за љубовта меѓу Зоран и Зорица дозна кога првпат беше уапсен на 15 септември 2017 година. Во куќата на Марјановиќ во Борча таа вечер била и Митровиќ, која ги нападнала полицајците.

Јелена Крсмановиќ беше убиена на 2 април 2016 година на насипот во белградската приградска населба Борча. На таа локација џогирал и нејзиниот сопругот, обвинет за злосторството. Според обвинението, Зоран ја претепал сопругата. Јелена исчезнала на само стотини метри од нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ и нивната 5 -годишна ќерката Јана. Набрзо била пронајдена убиена на насип во приградската населба Црвенка.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button