Реклама
Наши ѕвезди

Поранешниот сопруг на Северина со судска одлука и го одзеде синот – пејачката во шок, му го предаде со солзи на очите

Реклама

Таткото на детето инсистираше таа веднаш да му го предаде синот, како што било одредено со судската одлука

Фото: Инстаграм

Судот донесе привремена мерка и наложи синот на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ и пејачката Северина Којиќ во иднина да живее со таткото. Како што се наведува, оваа одлука на судијата веднаш стапува на сила, па таткото на детето инсистирал истата вечер да му го донесат синот.

Вчера во 20 часот и 11 минути Северина заедно со сопругот Игор Којиќ му го донесе и предаде седумгодишниот Александар на својот поранешен сопруг Милан Поповиќ како што беше одредено со судската одлука.

Маркетинг

Ќе му плаќа алиментација од 160 евра

Како што дознаваат српските медиуми, Милан инсистирал детето да му биде предадено истата вечер кога е донесена и судската одлука. Пејачката пристигнала пред неговата куќа заедно со својот син и сопругот Игор Којиќ. Како што пренесуваат медиумите, Милан не сакал да го прифати барањето на Северина детето да се подготви и прилагоди на новонастанатата ситуација, па таа одлучила да го заштити и овие мерки да не ги спроведува полицијата и социјалната служба – таа сама му го предаде детето.

Фото: Инстаграм

„Не знам што да ви кажам… Ова не го очекував, ова што судот го направи е преседан. Шокирана сум, шокирана“ – повторуваше Северина додека се гушеше во солзи во краткиот телефонски разговор, пишува Пинк.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button