Поранешниот сопруг на Емина направи бајковита венчавка во Рим – НЕВЕСТАТА БЛЕСКАШЕ во модерната куса венчаница
Турскиот пејач Мустафа Сандал се ожени со две децении помладата Мелис Сутсуруп
Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал и се заколна на вечна љубов на својата сакана Мелис.
Венчавката се одржа во турската амбасада во Рим, а гала прослава за семејството и пријателите ќе трае дури два дена. Во гламурозното летувалиште Мармарис свадбата ќе трае од 10 до 12 јуни, а за гостите сместувањето и превозот се веќе обезбедени од страна на младенците.
Мелис и Мустафа најпрво ќе организираат грчка вечера во хотелот, а потоа прославата продолжува и следниот ден во градината на истиот хотел, од каде гостите ќе заминат на плажата каде ќе има забава.
Парот кој е во врска веќе три години своето судбоносно „да“ го изговори во Рим, а младата изгледаше прекрасно во бело.
Мелис за оваа пригода избра тренди кратка венчаница, која совршено стои со нејзината убава руса коса.
Венчаницата е зачинета со ситни детали и камени, а целото издание го заокружи со модерни високи потпетици.
Потсетуваме, Мустафа и Мелис се во врска три години, а се свршија во февруари оваа година.
Од бракот со Емина Јаховиќ ги имаат синовите Јаман и Јавуз, а поранешниот брачен пар беше и на суд бидејќи Емина го тужеше Мустафа дека не и плаќа алиментација, по што судот востанови дека тоа не е вистина.
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп
Фото: Инстаграм/ Мелис Сутсуруп