Поранешниот на Цеца ужива со својата нова девојка – фотографијата на многумина им ги стопи срцата
Ќерката на Богдан ја обожава неговата нова девојка
Поранешна мисица Јована Љубисављевиќ веќе некое време ужива во врската со Богдан Срејовиќ од кого не се разделува.
Таа е позната и по учеството во шоуто „Задруга“, додека Богдан, кој исто така во младоста се занимавал со манекенство, пред пошироката јавност стана познат благодарение на тоа што беше во врска со популарната фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ.
Јована и Богдан на почетокот не сакаа да признаат дека се во врска, но по некое време ја открија нивната романса.
Тие двајцата сега се неразделни, а пред само неколку дена во еден ресторан го прославија роденденот на Богдан.
Тие тогаш пред сите разменуваа нежности и се бакнуваа, а потоа споделија и заеднички фотографии на Инстаграм.
По ова, Јована покажа и како се снаоѓа со ќерката на Богдан Искра, која што тој ја доби со поранешната манекенка Зорана Тасовац, која сега е во среќна врска со популарниот пејач Саша Ковачевиќ.
Јована објави снимка на која ја бакнува Искра во челото, а потоа таа, воодушевено и го враќа бакнежот.
Пеколот што го преживеа поранешната девојка на Богдан
Богдан порано беше две години во врска и со Владана Радосављевиќ, девојката пто преживеа вистинска драма во животот.
Имено, Владана во 2016 година беше нападната од непознато лице кај нејзината зграда кој и фрлил киселина на лицето.
Како што објавија медиумите тогаш, нападот се случил откако Богдан ја оставил пред зградата. И додека тој го паркирал автомобилот, манијакот се приближил и ја нападнал Владана од зад грб.
По нападот, Срејовиќ реагирал брзо и веднаш ја однел во болница, но изгорениците беа страшни.
Две години по инцидентот таа се присети на овој настан, па на својот Инстаграм објави како изгледала по нападот.
„Мојата душа не заслужува да има гнев и бес заради ваквите луѓе, туку да биде убава и радосна како што беше и пред овој настан и затоа со ова сожалување и простување ставам точна на овој дел од мојот живот“, напиша тогаш Владата во својата емотивна порака на Инстаграм.
Му се заблагодарувам на Господ Бог што ме зачува меѓу живите и што речиси целосно закрепнав. На себе повеќе не гледам како на жртва, туку како на победник, некој што успеа да победи едно вакво грдо искуство, напиша тогаш поранешната девојка на Богдан.
Инаку, Богдан и Владана беа две години во врска, по што на мирен и цивилизиран начин решија да се разделат.