Поранешниот на Цеца рипна во тавче – невестата носи бајковита венчаница, а еве ја и свекрвата (фото)
Богдан Срејовиќ и Јована Љубисављевиќ направија гала свадба, од убавата невеста застанува здивот
Поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ, се ожени со мисицата Јована Љубисављевиќ.
Неговата избраничка е во блажена состојба, а Богдан има ќерка и од бракот со Зорана Тасовац, девојката на Саша Ковачевиќ.
Богдан и Зорана и по разводот се согласуваат одлично, а многумина очекуваа да видат како ќе реагира и Цеца со која поранешниот манекен беше во врска пред неколку години. Имено, Цеца се огласи преку социјалните мрежи и ги изненади сите со она што го објави (повеќе за ова може да прочитате тука).
Инстаграм
Потсетуваме, Богдан во една пригода и тоа додека беше со Цеца објави фотка од својата мајка и многумина беа изненадени од тоа како изгледаше жената која во тоа време и беше „свекрва“ на пејачката.
Инстаграм
„Една ми подари живот, другата му даде смисла“, напиша Богдан во описот на фотографијата на која е неговата ќерка Искра и мајка му.
Инстаграм
Потсетуваме, Богдан Срејовиќ и поранешната учесничка во Задруга, Јована Љубисављевиќ, го кажаа своето судбоносно „да“.
Инстаграм
Тие направија раскошна свадба во еден елитен ресторан во Белград, а неодамна открија и дека чекаат машко дете.
Инстаграм
Инстаграм
Тие претходно, на 20 јули се заколнаа во најголема тајност на вечна љубов пред Господ во манастирот Грачаница.
Инстаграм
Бајковита прослава
Поранешниот на Цеца и неговата поубава половина се погрижија за секој детали не штедеа кога е во прашање свадба, па така се шпекулира дека само за декорацијата потрошиле неколку илјади евра.
Инстаграм
Тоа дека се навистина изгледаше бајковито може да се види и од бројните снимки што испливаа на сцијалнуте мрежи.
Инстаграм
Бремената невеста блескаше во венчаницата како вистинска принцеза и според сите никогаш не изгледала поубаво.
Инстаграм
Па, на младенците им честитаме и им посакуваме многу среќа и љубов во понатамошниот заеднички живот.