Поранешниот на Цеца во прегратки на позната фолкерка – испливаа фотографии на кои се држат за рака, сите зборуваат за нив!
Богдан Срејовиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ по една година љубов завршија со нивната врска.
Тие и по раскинувањето останаа во добри односи, а судејќи според фотографиите, Богдан се уште е слаб на пејачки.
Имено, откако шармантниот Богдан се раздели од познатата фолк пејачка многумина се интересираат која ќе биде неговата следна избраничка. Тој неодамна во јавноста се појави со една црнка, но како што самиот соопшти тогаш, во прашање беше само негова блиска пријателка.
Медиумите досега често го доведуваа во врска и со други убавици, а последната објава ги загреа мрежите.
Имено, пејачката и поранешната задругарка Сандра Чаприќ со своите следбеници сподели фотографија, по повод неговиот роденден, а на која се наоѓа во близина на Богдан, и тоа во поприлично занесно издание. Имено и двајцата се држат за рацете, и не ја тргаат насмевката од лицето.
Откако фотографијата се појави на социјалните мрежи веднаш тргнаа гласините дека таа е негова нова девојка.
По тој повод се огласи и пејачката за Пинк:
„Ние двајцата се дружиме веќе подолго време, тој на мене ми е само драг, ништо повеќе нема од тоа. Излеговме таа вечер на неговиот сплав, не имаше многу, се сликав со сите, не само со него. Нема потреба да се шпекулира дека сме во врска кога не сме“, изјави пејачката и поранешната задругарка.
Инаку, Богдан и Цеца ја шокираа јавноста кога одлучија да ја прекинат љубовната романса по една година врска.
Тие по раскинувањето останаа во пријателски односи, што го потврдија и двајцата во оскудното соопштените до медиумите.
„Повеќе не сме во врска, но е останеме пријатели до крајот на животот“, стои во нивното заедничко соопштение.
Оваа информација се појави токму во моментот кога се помеѓу низ изгледаше поприлично сериозно и хармонично, по што многумина беа изненадени (и разочарани) кога тие решија да стават точка на нивната љубов.
А дали Богдан навистина има нешто со колешката на Цеца и која ќе биде неговата следна девојка, кога тогаш ќе излезе на виделина.
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Чаприќ