Реклама
Наши ѕвезди

Поранешниот на Пријовиќ ќе остане без меден месец – еве зошто не може да ужива во бракот

Реклама

Познатиот пејач Љуба Перуќица и Катарина Колозеус пред неколку дена застанаа на лудиот камен.

Фото: Инстаграм

Но тие нема веднаш да заминат на меден месец бидејќи пејачот реши најпрво да ги заврши своите работни обврски.

„За жал или за среќа, мојот распоред беше пребукиран со месеци однапред и не можев да ги откажам настапите кои беа веќе договорени од пред шест месеци, па и година дена. Јас сум професионален и никогаш од приватни причини не ја запоставувам својата публика. Затоа одлучив да ги одработам сите свирки што менаџерите ми ги закажаа, да ја промовирам оваа песна која е мојот подарок за Кача, а на меден месец одиме на почетокот на 2020“, порача пејачот, пренесуваат медиумите од соседството.

Маркетинг

Тој додаде дека најверојатно ќе заминат на некоја егзотична дестинација, како што се Малдивите, Тајланд или Занзибар.

„Каде и да заминеме, ќе ни биде преубаво бидејќи премногу се сакаме“, заклучи пејачот.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Инаку, неговата сопруга Катарина важи за една од најзгодните водителки во регионот.

Фото: Инстаграм

Таа за свадбата носеше венчаница која во горниот дел е направена од корсет со нагласено деколте, а долниот изгледаше како фустан за принцези.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button