Поранешниот на Калиопи се огласи и ги изненади обожавателите – ова никој не го очекуваше (фото)
Поранешниот сопруг на македонската поп-дива јавно ја пофали.
Зафирчев со прекрасни зборови за поранешната сопруга.
Приватниот живот на популарните личности секогаш е поинтересен за публиката.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Калиопи е една од ретките кои секогаш отворено и искрено зборуваат за она што им се случува приватно.
Активна е и на социјалните мрежи, каде честопати знае да го каже своето мислење и за актуелните ситуации.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Калиопи зад себе има два брака.
И со двајцата претходни сопружници има останато во прекрасни односи и понатаму соработува.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Плод на љубовта со композиторот Ромео Грил е нивниот син Пако, кој живее и работи во Швајцарија.
Калиопи и Ромео и денес соработуваат на професионален план и се одлични пријатели.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Деновиве нашата дива го одржа својот солистички концерт во МТС салата во Белград, а како нејзина поддршка зад сцената беше актерот Васил Зафирчев, со кого таа беше во брак од 2004 до 2011 година.
По завршувањето на концертот тој објави нивна заедничка фотографија и јавно ја пофали пејачката:
„И после 40 години музичка кариера, @kaliopi_official сѐ уште гори кога пее, како да ѝ е првпат. Затоа, сѐ уште силно блеска како сјајна ѕвезда на музичкото небо. Магична ноќ за паметење и фантастичен концерт синоќа во Белград!“.