Поранешниот дечко на малтретираната пејачка протеран од Србија, судот му одреди уште една казна

Српската пејачка Александра Младеновиќ која го пријавила своето поранешно момче за малтретирање и закани можеби во наредниот период ќе може да здивне – насилникот добил наредба да ја напушти Србија во рок од седум дена, јавуваат локалните медиуми.
Поранешното момче на пејачката доби и парична казна од Прекршочниот суд, откако наводно му било наредено да ја напушти Србија.
Одлуката не е правосилна и тој има право на жалба. Српски Блиц пишува дека бившиот на Александра е казнет со 120.000 динари.
Пејачката вчера откри дека го сретнала своето поранешно момче во полициска станица, а во таа прилика истакна дека се плаши за својата безбедност.
– Вчера Александра и Стефан и двајцата беа во ПС Звездара, во различни периоди, за да потпишат дека добиле итни мерки.
Нејзе и било советувано веднаш да пријави секое вознемирување, а судијата му наредил да ја напушти Србија во рок од 7 дена. Подоцнежни пријави немаше – вели изворот на Информер.
„Никогаш не верував дека може да ми се случи вакво нешто и дека нема да можам добро да проценам човек, дека ќе направам толку многу грешки, но зад убави зборови, ветувања, внимание и посветеност се крие личност која е спремен на се, да се заканува, прогонува, уцени, лаже, изневерува.
Искрено му верував на сериозен манипулатор, згрешив, но и сфатив дека е време да побарам помош.Па девојки, научете од моите грешки и внимавајте кои избори ги правите. Не бидете наивни, реагирајте на време и не дозволувајте љубовта да ви остави траума.
Научив на потешкиот начин, но после сите пораки што ми ги испративте, сфатив дека со вас можам се, тоа ми значи повеќе отколку што мислите, затоа ВИ БЛАГОДАРАМ!“, објави пејачката на социјалните мрежи.