Реклама
Наши ѕвезди

Поранешниот водител на „Ексклузив“ го покажа својот дом од соништата – погледнете што прави денес Зоки Фаци

Реклама

Поранешниот водител кој е познат по тоа што нема влакна на јазикот го покажа својот дом.

Зоран Василевски Фаци важи за еден од оние водители и новинари кои јавно кажуваат што мислат, а сега на социјалните мрежи покажа дел од својот дом.

Маркетинг

Весели бои, баш онакви како што одговараат на ликот и карактерот на Зоки Фаци, но и со добар стајлинг Зоки посака „добра ноќ“ на своите фанови.

Тој е доста активен на социјалните мрежи, па неретко споделува и видеа на Тик-Ток каде исто така може да ѕирнете во неговиот дом кој е уникатно декориран, а по приложеното се чини дека секој ѕид е различна боја, приказна за себе, но сепак совршено се вклопуваат заедно.

Маркетинг
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ тик-ток
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Тик-Ток
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм

Зоки во емисија со Стефан Лазаров рече дека му пукнал филмот и не сака да биде на телевизија после 14 години кариер, а денес е инфлуенсер.

– Нашите македонски ѕвезди треба да сфатат дека ако се бавиш со шоу-бизнис треба да се сфати дека тоа е двојно поле, но нашите ѕвезди губат што не се појавуваат во вакви емисии како твоите и мојата. Немал дечко не се соблекувала, не била таква, па нема што да прашаш. Светските ѕвезди станаа такви, еве пример Мерлин Монро и Џенифер Лопез се соблече на 50 години, но кога Тамара се соблече ја критикуваа-рече Зоки.

ФОТО: Принскрин/ Јутуб

 

ФОТО: Принтскрин/ јутуб

Со неговата појава тој не поминува незабележано, па така беше и минатата година кога прославуваше роденден.

И покрај тоа што беше коронакриза и не можеше да ја направи прославата голема и екстравагантна како што само тој може, сепак не пропушти и направи забава со уникатна торта.

ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм

„Живеам стотка на саат, овој живот нема реприза, му се радувам на секој нов ден, кога би знаел колку чекори имам до крај, би се обидел да бидам уште подобар човек, среќен ми роденден“, напиша Василевски тогаш под една од своите роденденски фотографии на Фејсбук.

ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм

Неговите пријатели и пријателки се обидоа да го изненадат со своите подароци, а како изгледаше атмосферата погледнете во продолжение. Во еден момент се слушна роденденската песна и една мошне атрактивна пријателка на Фаци ја донесоа тортата, а она што следуваше поранешниот водител не само што не го очекуваше туку и беше воодушевен.

ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм

Поранешниот водител на „Ексклузив“ роденденот го прослави во друштво на голем број пријатели.

Покрај голем број шишиња „Моет“ Зоки Фаци ја избра и тортата во потполно негов стил.

ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм

Гламурозната тортата е направена од долари.

Со оглед на тоа дека Зоки роденден слави на лето, а ситуацијата не е многу променета од минатата останува да видиме каква прослава Зоки ќе направи.

ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм
ФОТО: Зоран Василевски Фаци/ Инстаграм

Поврзано

Back to top button