Поранешна Гранд ѕвезда отвори профил на Онлифанс – заработува од продажба на вакви фотографии
На фановите им нуди попуст за да ја гледаат содржината што ја објавува на оваа социјална мрежа
Оние што сакаат да ја следат и да ја гледаат содржината што ја објавува треба да платат само десетина евра и сé ќе им биде достапно.
Поранешна натпреварувачка во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Тамара Таца Радмиловиќ, е само една од многуте познати јавни личности што имаат отворено свој профил на популарната социјална мрежа за возрасни, „Онлифанс“.
Пејачката отвори профил кој се вика „Malla Tacca“, а познато е дека оние што се заинтересирани да ги гледаат содржините што ги објавуваат девојките треба да платат десетина евра за пристап.
Фото: Инстаграм/ Тамара Таца Радмиловиќ
Малата Таца својата нова работа ја промовира и на својот профил на Инстаграм, каде често објавува провокативни фотографии.
Фото: Инстаграм/ Тамара Таца Радмиловиќ
Таа последните неколку дена нуди попуст за своите фанови, а големо внимание привлекува и со сликите што ги објавува.
Фото: Инстаграм/ Тамара Таца Радмиловиќ
Нејзините обожаватели коментираа дека ова е дури и мала цена за содржината што една ваква дама ја објавува на „Онлифанс“.
Фото: Инстаграм/ Тамара Таца Радмиловиќ
Инаку, Тамара по потекло е од Нови Сад, а покрај пеењето, таа во слободното време најмногу сака да тренира.
Фото: Инстаграм/ Тамара Таца Радмиловиќ
Има завршено економски факултет, а во „Ѕвездите на Гранд“ учествуваше три пати, но ниту еднаш не оствари позначителен резултат.
Фото: Инстаграм/ Тамара Таца Радмиловиќ
Потсетуваме, провокативната пејачка Тамара Радмиловиќ се најде во фокусот на медиумите кога го обвини поранешниот сопруг, Бојан марјановиќ, дека психички и физички ја малтретирал.
Фото: Инстаграм/ Тамара Таца Радмиловиќ
Од друга страна, како што пренесуваат медиумите, поранешниот сопруг побарал развод откако таа по настапите во „Ѕвездите на Гранд“ почнала да се враќа дома во алкохолизирана состојба.
Фото: Инстаграм/ Тамара Таца Радмиловиќ
Како што своевремено пишуваше „Курир.рс“, таа ги фрлала работите по дома и се јавила во полиција кога тој побарал развод.
Инаку, Тамара од својот поранешен сопруг го има синот Кристијан со кого исто така често објавува фотографии на Инстаграм.