Реклама
Наши ѕвезди

Поранешната сопруга на Лазиќ реши повеќе да не молчи и откри дали навистина заради Дарко раскинала со момчето

Реклама

Поранешната сопруга на Дарко се огласи во врска со пишувањата во некои медиуми дека раскинала со своето момче заради него.

Фото: Инстаграм

Имено, Ана Севиќ неодамна ја прекина својата врска со Даниел Недељковиќ, а се шушкаше дека причината за тоа била неговата љубомора кон нејзиниот поранешен сопруг и татко на нејзиното дете, Дарко Лазиќ.

Но откако Ана и Даниел успеаја да ги решат несогласувањата и да ја обноват нивната љубовна врска, пејачката и водителката одлучи да им стави крај на озборувањата.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Таа се огласи во медиумите и изјави дека нејзиниот поранешен сопруг нема никаква врска со нивната разделба која за среќа на крајот добро заврши.

„Дарко никогаш не може да биде причина за било што во мојот живот. Дарко и јас ставивме точка на нашиот брак веќе одамна. Така што, нема место воопшто за такви приказни. Јас како и секоја друга жена и човек, имам несогласувања и сама со себе, а не па со некој друг. Во нашиот свет, за жал, човек не може да има ни најмал проблем, а тоа да не биде cкaндaл. Нема потреба да се грижите, сé е во најдобар ред“, изјави Ана за „Пинк“.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Само да потсетиме, Севиќ откако се смири со љубовникот заедно со ќерката Лорена замина на одмор во Дубаи. Таа од таму објави неколку интересни фотографии од кои можеме да видиме дека одлично се забавува, но и дека не заборавила да го понесе костимот за капење што фантастично и стои.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button