Кристина Димитријевска објави фотографија на социјалните мрежи на која позира со Гастоз.
Имено, откако се појавија фотографиите некои наши медиуми објавија дека Кристина е во врска со Ненад Маринковиќ Гастоз, па манекенката сама го демантираше тоа со објава на која го напиша следниот коментар.
„Ако објавам слика со дедо ми, и него ли ќе ми го напишете како дечко? Ве разбирам, но бидете креатини, а не злобни?“ напиша Кристина на својот Инстаграм.
Инаку, Кристина за дружбата со познатата српска ријалити фаца носеше кусо црно фустанче и сако, а на сите во фокусот им беа нејзините долги убави нозе кои дополнително ги истакна со високите црвените чизми.
Македонската убавица едноставно блескаше во ова издание покрај Гастоз, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Инаку, Кристина важи за една од најубавите и најпознатите манекенки во Македонија, а неодамна ја освои и титулата „Мис фотогеничност“ на „Miss Globe 2019“. Таа откако се раздели од Даниел Кајмаковски реши повторно да се врати во манекенските води, а во меѓувреме снимаше и спот во кој се проба и како пејачка. Таа е мошне актуелна и на социјалните мрежи каде за кратко време стекна неколку илјади фанови, а токму преку нив се запозна и со поранешниот победник на популарното шоу „Парови“, Гастоз, кој не остана рамнодушен на нејзините провокативни фотографии.
Но очигледно тие сега за сега се само пријатели, а Кристина се уште е сама, или барем се уште се нема пофалено дека има некој нов во нејзиниот живот.