Поранешната сопруга на Кајмакоски се пофали со чанта од 2830 долари – просечните Македонки можат само да го сонуваат овој модел
Кристина Димитриевска обожава само скапи брендови
И додека просечните девојки за ваков модел можат само да фантазираат, на Кристина очигледно добро и оди во животот.
Манекенката Кристина Димитриевска за кратко време откако се породи повторно телото го донесе до совршенство.
Таа на своите фотографии што ги објавува на социјалните мрежи секогаш изгледа фантастично, без разлика дали е во елегантно или „кежуал“ издание. Тоа впрочем можеме да го видиме и од оваа фотографија на која убавата тетовчанка носи бело кусо фустанче, јакна од џинс, патики и чанта од луксузниот бренд „Луј Витон“ која одлично ја вклопи во ова опуштено пролетно издание.
Во прашање е модел од познатиот бренд кој на интернет може да се најде со цена од околу 2830 долари. Чантата е украсена со препознатливото лого на брендот и има златен синџир, а на интернет и во продавниците на познатиот бренд може да се најде со детаљ во црвена и црна варијанти.
Модлот е познат под името „The Victoire“ кој е одличен како за дневни, така и за вечерни пригоди.
Инаку, Кристина деновиве се најде во центарот на вниманието и заради скандалот со наводното труење на својот поранешен сопруг, пејачот Даниел Кајмакоски.
Имено, во медиумите како бомба одекна веста дека пејачот ја пријавил својата поранешна сопруга дека му ставила нешто во кафето заради кое тој завршил во болница.
Манекенката во изјава за порталот „А1Он“ објасни дека таквите обвинувања се глупости, додека Даниел на социјалните мрежи напиша дека веќе неколку дена се наоѓа во болница и ги замоли медиумите на разбирање, како и да се воздржат од објавување на непроверени информации.
„Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот“, напиша Кајмакоски на својот профил на Фејсбук.
Во продолжение погледнете уште неколку модели од познатиот бренд што и Кристина го има во своите плакари.
$2,790.00
$2,110.00
$1,440.00
$2,180.00
$4,850.00
$1,900.00
$3,550.00
$4,000.00
$4,050.00
$1,820.00
Па, кој од овие модели ви се допаѓа најмногу?