Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ со солзи на очите го следеше неговиот концерт – не можеше да издржи кога тој го направи ова
Познатиот пејач направи концерт за паметење
Пејачот Дарко Лазиќ имаше одличен концерт во белградскиот Сава центар, а во првиот ред го бодреше неговата ќеркичка Лорена која беше заедно со поранешната сопруга на пејачот Ана Севиќ. Дарко минатата година преживеа тешка сообраќајна несреќа, но овој пат им приреди вистински спектакл на гостите пред кои настапи со своите познати песни.
Првата песна што ја испеа беше неговиот голем хит „Мајко“, а неговата ќерка цело време играше во публиката со својата мајка. Во еден момент Дарко ја викна малата Лорена да се качи на сцената, а овој гест на пејачот ги изненади сите кои во тој момент беа присутни на лице место.
На концертот беше и Марина Гагиќ која за медиумите изјави дека не и пречи што е тука и неговата поранешна сопруга.
На пејачот во еден момент му се придружија колегите Аца Лукас и Андреана Чекиќ како специјални гости, но и реперот Марко Миливојев Мили.