Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ никогаш не изгледала олку провокативно, а сите зборуваат дека е бремена
Пејачката Ана Севиќ наводно е бремена
Оваа вест како бомба одекна во медиумите во регионот, а како што потврди извор за еден неделник, пејачката и нејзиниот избраник, Данијел Недељковиќ, наводно, успешно ја криеле веста и во тајност се радувале што пејачката е во блажена состојба и што наскоро очекуваат бебе.
Пејачката реши да не ги коментира ваквите пишувања, но една фотографија на социјалните мрежи стави точка на овие приказни. Имано, на спорната фотографија Севиќ е во костум за капење, а во преден план е токму – нејзиниот стомак без грам вишок и во топ издание.
„Бремена, а? Ма како да не!“ пишува еден корисник на социјалните мрежи под нејзината фотографија. Очигледно е и дека поранешната сопруга на Дарко Лазиќ и самата сакаше да ја демантира целата приказна, па реши да објави фотографија која кажува повеќе од илјада зборови.