Поранешната на Кајмакоски е во третиот месец од бременоста?! Момчето го крие како змија нозете
Вест што ги изненади сите
Познатата пејачка и манекенка откри дека е бремена
Манекенката и пејачката Кристина Димитриевска ги изненади сите со веста што ја откри во емисијата „Бекстејџ“.
Имено, Кристина откри дека наскоро повторно ќе се оствари во улога на мајка, но не откри кој е татко на нејзиното дете.
Таа веќе има еден син што го доби од бракот со пејачот Даниел Кајмакоски со кого се разделија пред пет години.
Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Тие денес не се во добри односи, а како што откри во една пригода, нејзиниот син е израснат со неа и со нејзиното семејство.
Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Пејачката сега во интервју за Бексјетџ откри дека е во третиот месец, што значи дека следната година ќе и биде посебно интересна.
Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Таа неодамна на социјалните мрежи прв пат го покажа својот партнер, но на овие фотографии неговото лице е покриено.
Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Сепак, фотографиите откриваат дека Кристина ужива во љубовта со новото момче, а сега тие ќе се остварат и во улога на родители.
Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Потсетуваме, Кристина од бракот со Даниел Кајмакоски го има синот Давид кој оваа година наполни седум години.
Кајмакоски покрај Давид го има и синот Стефан што го доби од неговата сегашна сопруга Марина, а пред неколку месеци пејачот ги изненади обожавателите со веста дека повторно ќе стане татко.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Имено, Даниел тогаш сподели дека неговата сопруга Марина повторно е бремена и дека овој пат очекуваат женско дете.