Поранешната на Дарко Лазиќ повторно е бремена – и тоа само седум месеци откако се породи!
На Даниел ова ќе му биде второ, а на Ана трето дете, бидејќи и од бракот со Дарко Лазиќ има ќерка.
Пејачката Ана Севиќ и нејзиниот сопруг Даниел Недељковиќ ќе добијат уште едно заедничко дете.
Самo седум месеци откако ја добија ќерката Сена, новопечените сопружници открија дека им пристига уште една принова, пишува ТелеграфЏетсет.
На Даниел ова ќе му биде второ, а на Ана трето дете, бидејќи од бракот со Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена.
Ана влегува во трети месец од бременоста, а среќните вести ги дознаа за време на престојот на море.
И двајцата биле пресреќни, а новоста ја споделија само со најблиските од семејството.
Терминот за породување е при крај на март, а полот се уште не се знае бидејќи се уште не направила тест.
Како што пишува ТелеграфЏетсет, според извор близок до парот, тие на Лорена веќе и соопштиле дека ќе добие уште едно братче или сестричка.
Таа со сестричката Сена се согласува одлично и ја чува кога не е на училиште, па е нестрплива и пресреќна што во домот ќе им дојде нов член, пишува Телеграф.
Пејачката се породи во декември 2020 година кога ја роди својата втора ќерка Сена.
Таа во текот на летните месеци го кажа своето „да“ на избраникот Даниел Недељковиќ на тајна венчавка.
Пејачката објавувајќи заеднички фотографии од венчавката ги потврди овие информации.
„Ние веќе одамна сме венчани, а не свршени, само тоа го криевме од јавноста бидејќи не сакав за тоа веднаш да се зборува и пишува“, истакна пејачката во една пригода.
Како што таа тогаш самата изјави, немало свадбена веселба туку само ручек за најблиските.
Инаку Ана неодамна се најде во центарот на вниманието и откако Аца Лукас ја издаде својата автобиографија.
Па така повторно почна да се шушка за нивната афера, но на убавата пејачка тоа не и пречеше.
Таа токму во тој период се омажи за своето долгогодишно момче со кого ја доби ќерката Сена.
Што се однесува за нејзиниот пропаднат брак со Дарко Лазиќ, пејачот во една пригода изјави:
„Мојата поранешна сопруга избра момче што го познавам од порано. Како го познавам? Па ние бевме во брак, а Ана паралелно беше и со Даниел. Односно таа ме изневеруваше се додека не дознав за тоа. Ништо во животот не е случајно, па така ни нашиот развод. Во врска со Лорена, нашиот договор функционира одлично“, изјави Дарко.
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ