Поранешната девојка на легендарниот Роналдо сака да ја врати својата НЕВИHOCТ за да може да се омажи во црква како девица?!
Популарниот бразилски фудбалер со неа го доби синот Алексндар Роберт и тоа за време на една афера од 2004 година.
Поранешната девојка на Роналдо, Мишел Умез, одлучила да направи хименопластика за да биде повторно девица.
Оваа дама решила да го направи тоа како би можела да се венча во црква како девица, а ова вест го заобиколи светот.
Всушност не станува збор за вистинска девојка на некогашниот бразилски напаѓач на Барселона, Реал, Интер и Милано, туку за жена со која легендарниот Зуба имаше кратка афера во 2004 година, кога Мишел забремени, а фудбалерот синот го призна дури во 2010 година.
Мишел и поранешниот фусдбалер имале кратка врска пред 18 години
Мишел тогаш работел како келнерка и имала афера со фудбалерот
Роналдо за својот син дознал дури откако тој имал осум месеци
Мишел беше келнерка кога го запозна Роналдо, а денес е модел и се занимава со професионален бодибилдинг.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, таа со својот партнер може да води љубов, но само ако е венчана во црква како девица.
Таа долго време немала никој покрај себе, а заради својата вера следниот партнер може да ја има само доколку ја земе за жена.
Наводно, таа веќе ја има направено операцијата, така што ќе биде девица се додека не го сретне вистинскиот.
„Барам човек со исти цели и вера како мене“, вели таа.
Мишел на Роналдо со кого имала кратка афера му кажала дека имаат син дури откако тој наполнил осум месеци.
На судот му беа потребни цели пет години за да го признае Роналдо (46) како биолошки татко на момчето.
На крај тоа беше потврдено така што Алексaндар кој сега има 17 години е четвртото дете на поранешниот фудбалер.
Мишел и Роналдо се запознале во Токио во 2002 година, каде таа работела како келнерка, кога тој беше на врвот од својата кариера.
Фото: Инстаграм/ Мишел Умез
Фото: Инстаграм/ Мишел Умез
Фото: Инстаграм/ Мишел Умез
Фото: Инстаграм/ Мишел Умез
Фото: Инстаграм/ Мишел Умез