Поранешната Гранд ѕвезда од Македонија објави прва фотографија од бебето, ќе ви го стопи срцето
Гордиот татко го покажа својот наследник
Пејачот сподели неколку преслатки моменти
Младиот велешанец, Александар Темелков, кој се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ каде учествуваше неколку сезони, на почетокот на јануари се оствари во најважната улога во животот.
Пејачот и неговата избраничка Сара добија син, па тој сега објави неколку фотографии од наследникот и ги изненади сите.
„На здравје, голема молитва за нашиот син Мите“, напиша Александар под фотографијата на која се гледа како бебето спие.
Инстаграм/ Александар Темелков
Малиот Мите пред неколку дена наполни месец дена, а пејачот сега го сликаше со капче на главата додека спие, па предизвика воодушевување. Темелков истовремено откри и кое има го избрале гордите родители за својот наследник, па оваа глетка дополнително ги разнежни сите.
Инаку, името Мите е скратена форма од името Димитар кое многу често е присутно на нашите простори. Ова име има грчки корени со значење посвентен на Димитра, каде Димитра е грчка божица на земјоделието и плодноста, а нејзиното име значи Мајка Земја. Ова име широко е прифатено во христијанскиот свет по страдањата на светиот Димитриј Солунски, па на празникот посветен на овој светец сите имиња што се поврзани со неговото име (Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…) слават именден.