Поранешната водителка на Брза Кујна го покажа сопругот – Александра го откри и рецепот за среќен брак
Емотивна објава на познатата водителка

Еве како изгледа мажот на Александра
Водителката Александра Пановска Илиевска им го привлече вниманието на јавноста со една романтична објава на Инстаграм.
„Мојот сопруг и јас не славиме Свети Валентин, ние ја славиме нашата љубов секој ден“, напиша шармантната водителка под една заедничка фотографија направена во Цирих, Швајцарија.
Фото: Инстаграм/ Александра Пановска Илиевска
Потсетуваме, Александра и нејзиниот сопруг долги години беа во врска пред да стапнат на лудиот камен, а пред три години се остварија во улога на родители кога ја добија ќеркичката Сара.
Фото: Инстаграм/ Александра Пановска Илиевска
Водителката ужива во брачниот живот и мајчинството
И покрај тоа што и двајцата се млади, тие се заедно веќе цели две децении, а во улога на мајка Александра се реализира на 35 години.
И како што самата вели во едно интервју за Гламур, да се биде мајка на овие години може да биде и предност и мана, посебно што за сите работи размислувате по два пати и правите сценарио за сé.
Фото: Инстаграм/ Александра Пановска Илиевска
„За жал животот постојано ни укажува дека најголем дел од работите се случуваат како што треба, а не како што сакаме. Постојат многу методи, но ние, јас и мојот сопруг, се обидуваме да комбинираме“, вели Александра за начинот на кој ја воспитуваат Сара, а повеќе за тоа каква е нашата позната водителка и во улога на мајка и како се снаоѓа и во оваа нејзина улога во животот, дознајте тука.