Реклама
Вирално

Поради ретката болест родителите го оставиле во болница кога се родил: Судбината имала план за него- по 20 години ги побарал и нема да верувате каков одговор добил од нив!

Денеска е горд што е различен...

Реклама

Моментот кога неговите родители го оставиле за Џон Ланкастер можеби бил моментот кога му се отворила вистинската среќа.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

На почетокот мразел што е различен од другите, но, сега моделот, авторот и инспиративниот говорник научи да го сака она што го прави единствен.

Маркетинг

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

38-годишниот Џон е роден со ретка состојба која влијаела на развојот на неговото лице а неодамна јавно ја откри потресната реалност за луѓето со разлики во лицето.

Маркетинг

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

Џон Ланкастер раскажа како неговите родители – кои се откажале од него при раѓањето – одбиле да го прифатат и по втор пат откако го виделе.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

Тој има синдром Трејчер Колинс, генетска состојба што значело дека коските и ткивото на неговото лице растеле со различна брзина.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

Џон е роден во октомври 1984 година. Неговите родители го оставиле во болницата кога имал само 36 часа, а новороденчето било префрлено на социјална грижа.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

За негова голема среќа бил посвоен од Жан Ланкастер, која го одгледала. Кога растел, Џон го мразел своето лице поради суровиот однос од страна на неговите соученици и врсници.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

Но, сега моделот, авторот и инспиративниот говорник научи да го сака она што го прави единствен.

Тој отворено зборуваше за неговите борби и опиша како Жан, која сега има 81 година, го направила личност каква што е денес.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

Самохраната мајка со текот на годините посвоила и други деца со пречки во развојот.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

„Секогаш ми велеше дека не може да се воздржи, а да не се насмее кога првпат ме виде и почувствува инстант поврзаност кога ме држеше“, изјави за Mail Online Џон од Западен Јоркшир.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

На Џон воопшто не му пречело тоа што е посвоен, напротив тој вели дека е благодарен што Жан се грижела за него и го направила она што е денес.

Џон откри дека дури и организирал забава секоја година на 18 мај за да го прослави денот кога бил посвоен.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

Кога наполнил 20 години, Џон решил да ги побара своите биолошки родители.

Откако разговарал со агенцијата за посвојување која може да сподели документи со него, тој испратил писмо во кое посочил дека е отворен за средба.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

– Две недели подоцна добивме писмо и тие едноставно рекоа: „Во врска со оваа тема, не сакаме никаков контакт и натамошните обиди ќе бидат игнорирани“ писмото со одговор било потпишано од двајцата родители.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

– Ме болеше, но се гордеев со тоа што се трудев и со поддршката што ја имав околу мене и начинот на размислување што го имав, продолжив да живеам живот полн со љубов и благодарен бев за животот што ми беше даден.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

Суровото одбивање го натера Џон да се бори да ја држи главата високо знаејќи дека се обидел, но рече дека често се чувствува исполнет со „лутина и омраза“ гледајќи во огледало.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

Во 2019 година, тој ја основа својата добротворна организација „Love Me Love My Face“. Фондацијата помага да се подигне свеста за синдромот Трејчер Колинс, како и да се едуцираат младите луѓе да живеат со уникатни лица за да ја разбијат стигмата.

фото инстаграм/ Џон Ланкастер

Претходно оваа година ја објави и својата прва книга „Не сите херои носат наметки“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button