Поради ова издание Јована Јоксимовиќ ги фрли мажите во транс – еве го нејзиниот одговор!
Сопругата на Жељко Јоксимовиќ повторно во центарот на вниманието заради својот изглед
Јована минатата недела крена голема прашина во медиумите кога се појави пред камерите во „екстремно“ кусо здолниште. Имено, таа во вакво издание ја водеше утринската програма, а во центарот на вниманието беа нејзините долги нозе со кои предизвика бура на социјалните мрежи.
Таа потоа ги изненади своите фанови и со својата нова кратка фризира, а потоа и се потсети на провокативната комбинација со која привлече внимание.
Имено таа го прокоментира тоа што нејзините модни изданија често го привлекуваат вниманието ја јавноста, па објави фотографија на која е во поинакво издание, бели панталони и сако, и го остави следниов коментар:
„Да не излезе дека постојано носам миничи“.