Реклама
Блогерија

Поради нереалната убавина ја нарекуваат Црната Барбика – заработува многу пари, но нејзиниот пат до успехот беше трнлив

Реклама

Дуки Тот е австралиски модел која често ја нарекуваат „Црна Барбика”, бидејќи е толку нереално убава и изгледа како популарната кукла.

Манекенката денес има милиони обожаватели од целиот свет, а нејзините фотографии собираат илјадници лајкови на социјалните мрежи.

Маркетинг

Престижните брендови се борат кој ќе дојде до неа најпрво, но нејзиниот живот не бил отсекогаш лагоден и убав.

Имено, таа во минатото многу пати беше жртва на насилство поради што мораше да ја стопира својата кариера како модел некое време. Родена е на 23 октомври 1995 година и на само 23 години го сови модниот свет.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BglrmEggobW/

 

Таа е родена во Јужен Судан и од мала сонуваше да биде модел. Првиот чекор кон успехот во нејзината кариера беше учеството во популарниот проект „Australias Next Top Model”, во кој се појави кога имала само 17 години.

https://www.instagram.com/p/BU6TMzIgr4y/?utm_source=ig_embed

Таа беше критикувана и неразбрана од страна на стилистите кои не знаеја што да прават со нејзината коса. Обожавателите на оваа емисија на почетокот не ја сакаа воопшто и за неа зборува дека не е природна, и никој не веруваше дека нејзиниот несекојдневен изглед е дар на природата, а не на пластичната хирургија и фотошоп.

https://www.instagram.com/p/Bdp4mhMgL1V/?utm_source=ig_embed

 

Колегите од модната индустрија исто така кажуваа лоши работи за неа и ја нарекуваа со погрдни имиња. Подоцна, таа во едно детално интервју за магазинот „Teen Vogue“, изјави дека била многу пати повредена од своите колешки, а тоа да не го заслужила воопшто. Поради ова и биле потребни цели 2 години за да собере енергија и самодоверба со цел да се врати во манекенските води.

https://www.instagram.com/p/Bb92sY2A5N0/?utm_source=ig_embed

 

И во моментот кога почна да го слуша својот внатрешен глас, работите почнаа да се враќаат во нормала. Сега, таа обезбедува поддршка за црните модели од цел свет и се залага за разновидност во модната индустрија.

Сигурно е дека убавината може и треба да има многу лица. Од нејзиното искуство, Дуки Тот знае дека луѓето ќе продолжат да ви кажуваат што да правите и како да изгледате. Но нивните зборови не треба да ве дефинираат воопшто. Соништата се остваруваат само кога се слушате себеси и не се плашете да му покажете на светот кој сте вие навистина.

https://www.instagram.com/p/BjOEXgXg0UF/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BVztye1guSR/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BWiTNoBg9hk/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BbQb-JVgxMs/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BsB6BaxnOWG/

 

 

 

 

 

Поврзано

Back to top button