Реклама
ВиралноКафе муабетНега и здравје

Поради коронавирусот останав без татко, ниту го видов, ниту го гушнав – еве каде се наоѓам, пораката го обиколи светот

Реклама

Италија е целата под блокада откако бројот на новозаразените од коронавирус и на починатите почна драстично да расте.

Некои останаа без своите најмили, а меѓу нив е и една Италијанка која останала без татко. Во срцепарателната видео порака која се шири низ социјалните мрежи очајната жена рече дека не можела да се прости од него, зошто никој не е поштеден од болеста.

Лоренца Незоси ја опиша драмата која ја доживеа нејзиното семејство. Како што рече таа останала без татко, а нејзината мајка без сопругот.

Маркетинг

Дури не можеле ниту да го видат ниту да се простат со него, ниту да го прегрнат или утешат зошто биле во карантин.

Рече дека никогаш не сакала ова да го направи, но многумина ја прашаа да опише како изгледа во карантин, како и тоа како е да се изгуби некој близокза кратко време.

Маркетинг

– Пријател ме повика и ме праша што правам цел ден во карантин. Цел ден мислам на луѓето надвор, кои се собираат во баровите, на мајките кои ги водат своите деца по паркови и пијат кафе. Мислам на политичките и економските интереси кои не убиваат. Мислам на старите луѓе, кои не разбираат дека не смеат да одат надвор и да играат карти туку мора да останат дома. Мислам на младите луѓе кои не разбраа дека нивните татковци, браќа, чичковци  – им се одземени – вели таа на почетокот на снимката.

Понатаму вели дека луѓето говорат дека нејзиниот татко добил од срцев удар, шлог.

-Не! Не траба да ви биде срам да кажете дека вашите сакани не заминале по своја вина туку од коронавирусот. Поради вирусот кој не можеме да го запреме, истакнува таа.

Како што рече, во 22 часот таткото и се јавил и ѝ рекол дека се е во ред.

https://www.facebook.com/100001313338302/videos/2865509173502832/

– Не излегував од дома 8 дена, немав температура. А потоа во 2 часот ноќта ме повика мајка ми и ми рече брзо да дојдам зошто татко ми не се чувствувал добро. А потоа дојде итната помош и го однесе. Повеќе не го видов – рече таа.

Лоренца потоа рече дека татко ѝ и е одземен од неа, и потоа вратен запечатен.

– Неможевме да го видиме зошто бевме во карантин. Ете што им се случува на луѓето кои веруваат дека коронавирусот не им може ништо, дека не ги погодува младите луѓе. Тоа не е точно. Имам пријатели кои се наоѓаа на работ на животот и смртта – истакна таа.

Италијанката на крајот им порача на сите да „останат дома“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button