Поради Карлеуша животот му стана пекол – фудбалерот се разведе од сопругата и сега ќе и’ плаќа по 3000 евра месечно
Спортистот и неговата сопруга Даниела во понеделникот го завршија нивниот брак кој траеше осум години
Огњен Врањеш сега и официјално е слободен човек
Фудбалерот од грчкиот клуб АЕК се разведе од сопругата Даниела, со која осум години беше во брак, поради афeрата што му се случи со Јелена Карлеуша.
Тие решија да стават точка на нивниот брак, па со договор, во присуство на адвокати, ја окончаа заедницата која и онака беше турбулентна. Тие имаат една ќерка, поради која одлучија да останат во коректен однос, а се договорија спортистот да и плаќа алиментација од 3000 евра.
Како што пренесуваат српските медиуми, Огњен поминал низ пекол откако во медиумите како бомба одекна веста со Карлеуша. Тој остана без својата сопруга, беше исфрлен од репрезентацијата, а мораше да го напушти и фудбалскиот клуб во кој во тоа време играше.
Но сега работите повторно се враќаат во нормала. Игра за неговиот омилен клуб, АЕК, репрезентацијата сака повторно да игра за нив и со сопругата е во многу подобар однос сега откако повеќе и официјално не се заедно.
Покрај тоа гради и подобар живот во Грција, а ќерката нон-стоп го посетува и за сега сé е во најдобар ред.
Инаку, не беше само Карлеуша во врска со него. И нејзината колешка Катарина Грујиќ имала романса со спортистот.
Огњен и катарина беа заедно неколку месеци. Но нивната врска не предизвикала криза во неговиот брак како што беше случајот со Карлеуша, иако во медиумите се појавија фотографии на кои тие се бакнуваат.