Реклама
Кафе муабет

Поради загубата на внучето Цеца донесе одлука што никој не ја очекуваше: “Анастасија се уште се опоравува, ова не е време за славење”!

Нема да го прослави роденденот...

Реклама

Иако се очекуваше својот јубилеен 50-ти роденден Светлана Цеца Ражнатовиќ да го прослави со многу гости и да направи забава за паметење, сепак како што објавија медиумите таа одлучила оваа година да не го слави јубилејниот роденден.

фото инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Иако со месеци ја подготвуваше роденденската прослава која беше закажана за во еден познат белградски хотел со помош на нејзината сестра и најблиските пријатели, Цеца се откажала од прославата поради се што и се случило на нејзината ќерка Анастасија која се уште се опоравува од загубата на своето бебе.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Пејачката 14 јуни, денот на нејзиното раѓање, ќе го помине во својата вила во Љутиче Богдана, опкружена со најблиските.

Маркетинг
фото инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

– Цеца беше наговорена од нејзината сестра Лидија и пријателите оваа година да направи голема прослава за нејзиниот роденден. Иако на почетокот не била за тоа, кога сфатила дека со месеци не се откажуваат од таа идеја и дека се ќе организираат, некако прифатила. Таа веќе почна да се подготвува за тој ден, да избере фустан за таа вечер, но пред неколку дена сепак одлучи да ја откаже прославата. Сфатила дека поради Анастасија и нејзината состојба се уште не е време за голема радост. Иако и самата Анастасија беше за одржување на забавата, Цеца по разговорот со неа и со останатите членови на семејството реши дефинитивно да се откаже од таа идеа. Едноставно, не би се чувствувала добро поради се и знае дека не би била атмосферата таква каква што знае да биде на сите прослави што ги приредуваат Ражнатовиќ – рекол извор близок до ова семејство.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Да потсетиме, својот трет роденден неодамна го прослави и првиот внук на Цеца, Жељко, но поради ситуацијата со Анастасија, Ражнатовиќ немаа голема прослава, туку роденденот го прославија во кругот на семејството во Тител.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/Aнастасија Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button