Реклама
Вирално

Поради виц за Тито белграѓанка (22) заврши на робија на Голи оток: За љубичице бела, ќе платеше со живот

Реклама

Роденденот на Јосип Броз Тито се прославуваше на 25. мај како Ден на младоста ширум Југославија, а овој празник години по смртта на југословенскиот лидер и натаму се прославува во пораншените републики, но многу поскромно од порано.

Некогашниот претседател на Југославија во тоа време се славеше како божество, му се пееја песни, а една од најпознатите е „Друже Тито љубичице бела“, поради која една млада новинарска, Еврејката Жени Лебл беше осудена на две ипол години робија на Голи оток, каде заврши на само на 22 години.

Маркетинг

Жени е родена во 1927 година. За време на одведувањето на Евреите во логорот Сајмиште, тогаш 14-годишната гимназијалка под лажно име побегнала во Ниш.

Уапсена е во 1943. година и однесена во берлинското Гестапо каде е ослободена дури во 1945.

Маркетинг

Кога се вратила во Белград, Жени се запишала на Правниот факултет и во 1947. година како новинарка се вработува во Политика. И дури тогаш почуваат нејзините маки.

Како Еврејка за време на Втората светска војна Жени ги преживеала стравотите на нацистичките логори, но подоцна зборувала дека најлошо и најстрашно доживеала дури на Голи оток на кој пристигнала со бродот „Пунат“ од соседниот Свети Гргур.
На тоа претходело мачење, а сето тоа поради невкусна шега на сметка на другарот Тито која ја прераскажала.

– Југославија освои прво место на светскиот саем на цвеќе, а знаете ли зошто? Зошто одгледа бела љубичица од 100 кила, рекла Жени во друштво на свои колеги на работа алудирајќи на песната „Друже Тито, љубичице бела, тебе воли омладина цела“.

Поради ова во 1949. година е уапсена и депортирана прво во Рамски рит, а потоа во Забела кај Пожаревац, а потоа на островот Свети Гргур и на крајот на Голи оток.
Како точно завршила во затвор опиша Политика во 2013 година во еден од ретките текстови за Жени.

https://twitter.com/jovan984/status/1137043462531014656

– Колегата еднаш и кажал виц како Југославија победила на меѓународен натпревар за цвеќиња зошто одгледала љубичица од 100 килограми, алудирајќи на песната „Друже Тито, љубичице бела, тебе воли омладина цела“. Бидејќи вицот го прекажала во редација по Жени Лебл дошле двајца удбаши зошто, наводно зборувала против Тито и не го пријавила народниот непријател од кого го слушнала спорниот виц. Ја носат затворот на УДБ Главњача, потоа во логорот Рамски рит, па во Забела, Гргур и на крајот завршила на Голи оток. Во пет затвори, каде што била од април 1949 до октомври 1951 од неа барале да го смени мислењето и да ја признае вината. Потоа е отпишана од Здружението на новинари – стои во текстот објавен во политика во јули 2013 година.

Дознавајќи дека и жени имало на Голи оток, а за тоа до тогаш не се зборувало, Данило Киш, кој во тоа време во „Гробница за Борис Давидовиќ“ пишувал за комунистичките гулази во СССР, ја наговорил Жени Лебл да пишува за тоа.
Така настанува „Љубичице бела“, објавена во 1990 година, а книгата во Израел станува бестселер.

За Жени Лебл и Ева Нахир е снимен и филмот „Гол живот“ во режија на Александар Мандиќ.

Ги опишуваше страшните искуства во затворите, а најпотресното искуство било од Голи оток.

– Само жедни знаат да ја почитуваат водата. Бевме опкружени со море, а жедни до лудило. Дознавме дека е комплицирано да се откорне карпа од нејзиното природно опкруѓување. Тогаш учите дека каменот ими жили, каде и да го откорнете. Корневме темели на карпи кои таму биле со векови, ја менувавме природата, пишува Жени.

– Девојките беа претворани во старици, им отпаѓаа заби, заболуваа кога им стигнуваа вести дека децата се одрекле од нив, мајките и мажите, зошто станале народни непријатели. Нудена им е слобода под услов да станат доушници и да молчат за тоа што доживеале, инаку ќе им настрадаат семејствата, пишуваше таа.

Жени била на Голи оток се до 1951 година

По помилувањето поради „вицот долг две ипол години“ не можела да се вработи. Барала ново државјанство и наскоро засекогаш заминала во новоформираната држава Израел.

Починала во Израел во 2009 година во својот стан, како достоинствена старица, и покрај се низ што поминала, доживеа длабока старост од 82. години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button