Популарниот музичар ќе се пензионира: Светот е во шок, а ова е главната причина!
Ширан оваа година се појави на 17-то место на листата на најбогати британски музичари.
Ед Ширан (28), одлучил да се повлече во привремена пензија, откако во музичката индустрија заработи вистинско богатство.Тој на последниот настан на турнејата, рече дека се повлекува за да може повеќе време да помине со сопругата Чери Сиборн.
„Последните две години сум на турнеја и ова е последен ден од целата таа приказна. Има тука нешто горко-слатко. Сакам што вие луѓето (публиката) сте тука, но ова е мојот последен настап за следните минимум 18 месеци“, рече Ширан.
Тој напоменал дека во изминатите 2 години пеел пред 9 милиони луѓе. Задржувајќи ги солзите, Ширан на последниот концерт им се заблагодари на сите и им рече: „Се гледаме за неколку години“.Ширан се венчаше во тајност во 2018-та година, а Чери е неговата љубов од детството. Неодамна рече дека планира семејство.