Реклама
LIFESTYLEВирално

Популарна видео игра може да биде клучот за реставрација на Богородичната црква во Париз

Реклама

Помош за обнова на Богородичната црква во Париз (катедралата Нотр Дам) може да дојде од  неочекуван извор: популарната видео игра „Assassin’s Creed Unity”.

Имено, иако има фотографии од катедралата, 3D моделите најдобро ќе послужат како помош за реставрација, а тие беа направени за оваа игра од 2014 година, објави Метро.

Маркетинг

Бидејќи дејството на оваа игра се наоѓа во Париз во 18 век, таа содржи исклучително детален поглед на градот од тоа време, а фокусот беше првенствено на Нотр Дам.

Дизајнерот кој беше задолжен за играта работеше две години и во времето на играта таа откри дека осумдесет проценти од тоа време беше посветена на Нотр Дам.

Маркетинг

Од компанијата открија дека со години ја проучувале катедралата и биле опседнати со најситните детали за да се осигура дека секоја тула е на место, а издавачот „Ubisoft“, како што пренесуваат медиумите, се уште ги има 3D моделите, фотографии и други материјали што ги користеле.

 

Исто така, како што пишува GPS World, историчарот на уметност Ендрју Талер користи ласерски скенери за да го направи исклучително прецизниот модел на катедралата, кој ја вклучува и внатрешната, но и надворшната страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button