Писателот Џорџ Р.Р. Мартин на хит серијата на ХБО- „Игра на троновите“ откри од каде му е инспирацијата за разновидните, но реални политички односи меѓу кралствата на Вестерос.
Мартин објаснил дека инспирацијата ја црпел од разновидноста и од политичките тензии на поранешните републики на Југославија.
Откако решил да ја напише првата книга, Мартин поминувал часови во библиотеките за да собере што повеќе податоци за подрачјето на поранешна Југославија и за нејзините жители. Често историјата на јужните Словени му служела како водилка во понатамошното обликување на светот Вестерос.
Приказната, се разбира, нема врска со луѓето од тие подрачја. Ова е фикција, но секој што ќе ги погледне текстовите малку поблиску, може да препознае очигледни поврзаности меѓу историските и фиктивните ликови, локации и обичаи. Се разбира, географијата и нејзиниот распоред нужно се променети, но односите меѓу народите останаа непроменети – напоменува авторот.
Еве ги примерите:
Ланистерови – Словенија – русокоси, богати, мислат дека се подобри од другите.
Тајрел – Славонија и приморјето, богата и плодна земја, никогаш не се на власт, но секогаш се пресуден фактор.
Грејџој – Далмација, луѓе што се почитуваат само себеси, другите ги сметаат за послаби, луѓе што живеат од морето, историски гусари.
Вејл – Црна Гора, планински одвоен дел, неосвоив, чудни семејни односи, соколот како симбол.
Дорн – Македонија, југ, сонцето им е симбол, секогаш биле одвоени од остатокот, црномурни убави луѓе.
Баратеони – делови од Босна и Херцеговина, големи среќни луѓе, спремни да се напијат и да се најадат, храбри и стројни, Неум е Стормс Енд, излез на море. Роберт е како Тито, по неговата смрт почнува распадот на единството.
Старк – Србија, земја на волците, древните јунаштва. Белград е Белото пристаниште, Косово е Ѕидот. Од другата страна живеат Дивите.
Таргериен – Караѓорѓевиќи, кралско семејство во прогонство, младата Денерис е принцезата-престолонаследничка.
Риверлендс, Тали – Војводина, неутрална земја.