Реклама
Вирално

Популарната нискобуџетна авиокомпанија ги скрати платите и отпушти 1.000 вработени

Реклама

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Визер како и многу други авиокомании во светот, во ова време на пандемија од коронавирисот се соочува со проблеми во работењето, па тоа секако ќе се одрази и во нивните приходи, па најавено е намалување на платите и отпуштање од работа  на 1.000 работници.

Во завршната сметка на компанијата за фискалната 2020 година која завршува на 31 март, ќе искаже нето добивка од 279-280 милиони евра.

Маркетинг

Популарната авиокомпанија Визер проценува дека основната нето добивка за 2020 година ќе се движи меѓу 350 и 355 милиони евра, што е во склад со насоките на компанијата, но во завршната сметка ќе ги внесе и вонредните расходи кои се очекуваат во периодот од март до мај поради пандемијата од коронавирусот.

„Како што неодамна е објавено, во март 2020 година прометот на Визер опадна за 34 отсто во однос на истиот период минатата година, па Визер моментално работи со 3 отсто капацитет во однос на периодот пред пандемијата од ковид -19, соопшти компанијата.

Маркетинг

Како последица на ковид -19 во склад со Меѓународните стандарди за финансиско известување (ИФРС), Визер ќе ги припише деловните резултати од четвртиот квартал на фискалната 2020 година вонредните трошоци од70-80 милиони евра неменети а заштита од губитоци за месеците од март до мај 2020.

Како резултата на тоа, Визер очекува дека за фискалната2020 година ќе пријави нето добивка од 270-280 милиони евра.

Компанијата истакна дека има многу силен баланс и одлична ликвидноство износ од 1,5 милијарди евра готовина докрајот на март 2020 година, и дека очекува, кога пазарот ќе се нормализира, да остане на своите планови за зголемување на капацитетот од 15 отсто годишно, во просек.

Од Визер додаваат дека поради финансиското влијание од пандемијата на ковид-19, компанијата ќе мора да прогласи 1.000 работници како технолошки вишок, што претставува намалување на работната сила од 19 отсто.

Покрај тоа, ќе ги смали и платите за цела 2021 година, главно на извршниот директор, членовите на управниот одбор и сите високопозиционирани менаџери за 22 отсто, додека на пилотите, кабинскиот персонал и административните службеници ќе им ја намали заработката за 14 отсто, во просек, соопшти компанијата.

И „Луфтханза“ и “Германвингс“ ја намалија флотата

Пред неколку дена и најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза” ја намали својата флота, бидејќи пандемијата од Ковид-19 и натаму го нагризува неговото работење.

Германскиот национален авио-превозник, исто така, привремено го прекинува работењето на својата нискотарифна филијала „Германвингс” , заради падот на побарувачката на патниците.

Компанијата очекува периодот на „значителен пад” на авио-патувањата да трае долго откако ќе заврши кризата со коронавирусот , се наведува во соопштението на „Луфтханза”.

Поради кризата ќе дојде до трајно намалување на капацитетите” на „Луфтханза”, што вклучува расходување на повеќе десетици нејзини авиони, меѓу кои и шест летала „Ербас А380″, што се најголемиот патнички авион на светот, со капацитет меѓу 525 и 853 патници.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button