Поповиќ за оваа убава пејачка мислеше дека ќе биде новата ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ – но таа се омажи и избра погрешен човек!
Таа беше голема надеж кога се појави во шоуто
Како што Саша Поповиќ многупати има истакнато дека од сите ѕвезди што се појавиле во Ѕвездите на Гранд, најмногу надеж има положено во Тања Савиќ.
Шармантната пејачка уште од својот прв настап на аудицијата го привлекла вниманието на првиот човек на Гранд.
Пејачката и потоа, кога почна да снима песни и да настапува, продолжи успешно да ја гради својата кариера, а Саша Поповиќ, беше сигурен, како што самиот изјавуваше тога, дека таа е новата Светлана Цеца Ражнатовиќ.
„Најмногу очекувавме од Тања Савиќ. таа е една вонсериска пејачка. Прекрасна, убава, млада девојка која во Ѕвездите на Гранд се појави на свои 19 години. пејачка која сигурно можеше да ја наследи Светлана Цеца Ражнатовиќ и која на почетокот од кариерата ги имаше вистинските хитови. Ние и ги избиравме песните и ја водевме нејзината кариера“, истакна Поповиќ своевремено во интервју за „Информер“.
Но заради семејниот живот таа некое време се повлече од сцената и со сопругот Душан Јованчевиќ се пресели во Австралија.
Тогаш и започнаа нејзините проблеми
Имено, надежната пејачка во последните неколку години повеќе се занимаваше со проблемите што и ги правеше нејзиниот сега веќе поранешен сопруг. Тој најпрво и ги зеде двата сина и ги однесе во Австралија, а Тања долго време не можеше ни да ги слушне своите синови. Но по макотрпната повеќемесечна борба, таа сепак успеа да ги добие синовите кои сега живеат со неа, а целата сага низ која што помина заради поранешниот беше медиумски проследена.
Овие проблеми се одразија и на нејзината музичка кариера, па првиот човек на Гранд за неа тогаш изјави:
„Сплет од различни околности доведе до тоа едноставно да ја нема. Мислам тука е таа, но тоа не е таа Тања Савиќ за која мислевме дека ќе биде навистина врвна ѕвезда“, изјави тогаш Поповиќ за неа во Информер.
Сепак, шармантната пејачка по долго време повторно вредно работи на својата кариера, а публиката ја подржуваше и во тешкиот период.
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ
Фото: Инстаграм/ Тања Савиќ