Реклама
Вирално

Поплавите направија хаос во Босна и Херцеговина – реките излегоа до коритата, мештаните се обидуваат да го спасат она што се може

Реклама

Нивото на водата на реката Сава на мерната единица во Шамак во текот на вчерашниот ден се зголеми за 100 сантиметри и изнесува 367 сантиметри.

Според извештајот на Одделот за јавна безбедност на Босна и Херцеговина, вчера попладне, поради силните врнежи, нагло дошло до порастот на притоките на Сава. Затоа во околните месни заедници дојде до отежнати патни комуникации поради помали излевања и наноси на патиштата.

Маркетинг

Повишен е водостојот и на реката Тиње, а како што е наведено во подрачјето Брчко дистрикт во Босна нема прекин на патната мрежа како ни поплавени куќи. Реката Усора и Босна се повлекуваат во своите корита, со што се создадоа подобри услови отколку што беше изминатата ноќ во местата кои што се наоѓаат во близина на овие речни корита.

Ноќта помина без сон за мештаните кои беа зафатени од невремето и беспомошно гледаа во реките и потоците што почнаа да се враќа во своите корита откако интензитетот на дождовите почна да се намалува.

Маркетинг

 

Извршена е евакуација на населението, се полнат вреќи со песок за насипите, а механизацијата на теренот беше активна преку целата ноќ и ги чистеше критичните зони под мостовите и каналите како водата би можела да помине без да направи поголема штета. Водостојот на Уна и Босанска Крупа се повлечени, а граѓаните стравуваат дека речните наноси би можеле да предизвикаат поголема катастрофа на мостовите, а со тоа да направат и дополнителна штета.

 

Градските служби се ангажирани да ги исчистат наносите од дрвја кои се насобрани кај мостот на реката Уна, како би го спречиле евентуалното оштетување на неговите столбови, а со тоа би ја нарушиле и патната комуникација на жителите кои живеат во овој дел од Босна и Херцеговина.

 

Невреме и во Скопје

Инаку, вчера попладне и во Скопје имаше силни врнежи од дожд и ветер. Освен што невремето правеше проблеми во сообраќајот на главниот град, придонесе да падне и едно дрво во центарот на Скопје, поточно кај жена паркот „Борец“ во близината на градската болница, објави ТВ 21.

 

Времето во Македонија во наредните неколку дена

Според Хидрометеоролошкиот завод времето во Македонија денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди.

Попладне со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

До петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, а на одредени подрачја ќе има и невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викенд се очекува да биде сончево и потопло.

Според Славчо Поповски, локалното невреме ќе трае се до петок, кога се очекува зналително подобдување, затоплување и првите летни температури за оваа година.

 

Поврзано

Back to top button