„Помолете се за мене и за мојата душа“: Панчо ДНК ги загрижи фановите со својот статус
Македонскиот пејач сподели статус со кој ги загрижи фановите.
Панчо испрати порака до своите блиски, но и до фановите.
Владимир Блажев или Панчо ДНК својот прекар го доби затоа што долги години е делод музичкото дуо Но, освен тоа, ангажиран е и како диџеј.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
ДНК повеќе од 20 години се дел од македонската музичка сцена и се вистинки пример за сите бендови кои за кратко време се распаѓаат, дека посветеноста се исплати.
Панчо како диџеј настапуваше во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија донесе неколку светски и балкански R&B артисти.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Активен е и на социјалните мрежи, каде есто знае да го изрази и своето мислење за актуелните случувања во земјава.
Без вакна на јазикот, секогаш директно и искрено го кажува она што го мисли.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Приватно е во брак со Маја, а плод на нивната љубов се нивните два син Андреја и Марјан.
За своите деца вели дека се скромни и дружељубиви, а среќен е што се добро воспитани и се занимаваат со спорт.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Панчо на Инстаграм сподели статус преку кој испрати порака до најблиските и фановите, кко да се однесуваат кога повеќе ќе го нема на овој свет.
Во позадина на Истаграм приказната ја стави песната на ДНК „Ако утре ме нема“, а на крајот од текстот додаде емотикон ангел.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК