Реклама
Наши ѕвезди

Поминаа 12 години од смртта на легендарниот пејач Гоце Арнаудов – беше и остана еден од најголемите!

Беше несекојдневен музичар, неговите песни се уште им се омилени на многумина

Реклама

На 6 декември, пред точно 12 години, почина еден од нашите најпознати фолк пејачи на сите времиња.

Музиката на легендарниот фолк-пејач Гоце Арнаудов веќе со децении е насекаде околу нас – неговите песни се вртат на Јутјуб, но и на радиостаниците, а постојано се и во репертоарот на бројни кафански музичари. Неговата музика го весели народот, а засекогаш ќе остане запаметен по песните: „Дали чекаш стара мајчице“, „Огин и пламен“, „Ај да беше стрела песната“ и уште многу други.

Многумина велат дека нема никогаш да го заборават и неговиот концерт во Струмица, кој Гоце го одржа во 2000 година, кога на градскиот стадион во неговиот роден град соба преку 10.000 луѓе, а од општината доби награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

И по толку години од неговата смрт, оние што го познаваа за него велат дека таков пејач со автентичен глас и имиџ, нема да се роди повторно. Тој почина од рак во болница во Франција, 2011 година, а неговото заминување најтешко им падна на семејството – неговата сопруга и на неговите три деца што ги остави зад себе.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Кристина Арнаудова

Неговата ќерка Кристина Арнаудова го наследи талентот од него и како пејачка е добро позната за нашата јавност.

Фото: Инстаграм/ Кристина Арнаудова

Втората ќерка на Гоце, Харита, е среќно мажена и со сопругот и нивните две ќерки живее во Охрид, а покрај ќерките познатиот пејач имаше и син, Оскар, кој отсекогаш најмалку се експонирал во медиумите.

Фото: Фејсбук/ Гоце Арнаудов

Гоце на почетокот од својата кариера настапувал со групата „Крик“ низ цела поранешна Југославија, а по враќање во Македонија, во 1993 година, за поприлично кратко време ги освојува симпатиите на публиката и станува еден од омилените фолк-пејачи во нашата земја.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Веќе следната, 1994 година, на Фолк-фест Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освојува сите награди.

По неговата смрт Гоце зад себе остави преку 200 песни, а за време на неговиот живот со години по ред беше прогласуван за најпопуларната личност во Македонија, а беше и еден од омилените пејачи кај нашите бројни иселеници од дијаспората.

Некои од неговите најпознати песни слушнете во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button